Вториот месец од пролетта ќе им донесе многу предизвици на сите хороскопски знаци. Април ќе биде период на промени, сомнежи, преиспитувања, недоразбирања, но и успеси и незаборавни моменти. Еве што ви предвидуваат астролозите за април 2022 година.rnrn
rn
Овен
rnВо текот на април препорачливо е да се позанимавате со работите кои ве спречиле да ги реализирате вашите идеи и да направите сè што е можно за да се вратите на вистинскиот пат. Работете на вашата самодоверба, но и на односот со себе. Сакајте се себеси повеќе, а тоа ќе ве направи подготвени кога во вашиот живот ќе се појави личност со која би можеле да започнете врска. Тогаш целосно ќе знаете дали тоа е она што го сакате.rn
Бик
rnАприл ќе ви биде идеално време за самоанализа. Ќе размислувате за вашите очекувања од кариерата и љубовта. Ќе сфатите што е тоа што го сакате од партнерот, без разлика дали веќе го имате или не. Ако веќе го имате, ќе му ги простите грешките, но сепак ќе очекувате одредено ниво на одговорност од негова страна.rn
Близнаци
rnНајверојатно во април ќе се чувствувате збунето и ќе дојде до недоразбирање при комуникација со другите. Сепак, април ќе биде и месец на интроспекција. Ќе откриете дека некој ви е посебно драг, а може да се работи за пријател. Постојано ќе имате идеи за нови работи и предизвици, но мора да покажете и малку толеранција за желбите на другите.rn
Рак
rnВо текот на април, фокусот ќе ви биде на љубовта и парите. Би било добро да посветите внимание на тоа како го трошите вашиот буџет. На тој начин може да направите план за штедење. Од друга страна, април е погодно време за промени – пролетта е симбол на раѓање и нов почеток. Направете го вашиот живот поубав и поудобен и внесете енергија во апатијата што ве обзема.rn
Лав
rnОвој месец ќе бидете прилично самокритични и сомнителни. Секоја ситуација ќе ја анализирате од филозофска гледна точка и ќе го барате нејзиното подлабоко значење. Можно е несогласување со партнерот, а единственото решение е искрен разговор за тоа што очекувате и како се чувствувате. Имате големи шанси за позитивна промена на работа, но не прифаќајте ја понудата сè додека не ги дознаете целосните информации.rn
Девица
rnВо април вашето внимание ќе биде насочено кон вашиот извор на приход. Размислете на кој начин ги трошите парите, колку некој придонесува за заедничкиот буџет и дали тоа ви одговара или не. Барајте простор за заштеда, но размислете и за дополнителен извор на приход. Тоа може да биде и работа со скратено работно време, не е неопходно да ја менувате моменталната работа. Ќе бидете во искушение да донесете импулсивни одлуки, особено во врска со партнерот. Обидете се помалку да се потпирате на чувствата, а повеќе на интуицијата.rnrnПродолжува на следната страница…rnrn