Можеби мислите дека вашиот дом е сигурно место за живеење, но во него се кријат големи опасности кои можат да внесат немир во вашето секојдневие. Погледнете на што точно треба да обрнете внимание.
rn
1. Несигурен висечки мебел
rnСпоред експертите, високите плакари, регали, полици и воопшто целиот висечки мебел, мора да биде сигурен. Осигурете го така што ќе го прицврстите за ѕидовите со помош на носачи за да избегнете евентуално рушење кое може да предизвика повреди.rn
2. Кутија со лекови
rnАко имате мали деца или домашни миленичиња, сите лекови треба да ги чувате во кутија или на некое место каде што миленичето или детето не би можело да ги дофати. Лековите се едни од водечките причини за труење на децата во САД и според статистиките, на секои 8 минути по едно дете завршува на брза помош поради нив.rn
3. Неисправни штекери
rnЧесто знаат да се разлабават и да излезат од ѕидот, а наместо веднаш да ги поправите, најверојатно ги користите неисправни. Важно е при вакви дефекти веднаш да повикате електричар за да го замени штекерот, затоа што во спротивно ви се заканува опасност од струен удар.rn
4. Неисправен плински бојлер
rnПлинскиот бојлер треба да се сервисира минимум два пати годишно или повеќе пати ако се сомневате дека нешто не е во ред со него. Труењата со јаглерод моноксид не се ретки, а поради неисправниот бојлер лесно може да дојде до пожар или експлозија.rn
5. Оловни бои
rnОткако е докажано дека оловото е многу отровно и штетно делува врз човечкото здравје и околината, оловните бои кои некогаш се користеле полека исчезнуваат и не се препорачува нивно користење.
Многу стари објекти кои не се реновирани или во кои старата боја не била тргната пред нанесување нова и понатаму претставуваат голема опасност. Површинскиот слој не е опасен – проблемот се наоѓа во честичките кои се ослободуваат кога бојата ќе почне да паѓа.


