Дали сте знаеле дека видот на накитот кој го сакате може многу да открие за вашата личност? Одредете го вашиот вкус за накит и проверете како тој ве дефинира.rn
1. Голем и впечатлив накит
rnАко сакате да носите големи и светкави парчиња накит кои паѓаат во око, без разлика дали се работи за ланчиња или прстени, тоа за вас открива одредени работи. Вие сте силна личност со цврст карактер и сакате да бидете во центарот на вниманието. Имате самодоверба и не се плашите од животот. Живеете по свои правила и не ви е грижа за туѓото мислење.rnrn
rn
2. Пирсинг
rnОние кои сакаат пирсови на веѓите, носот или усните главно се со бунтовнички карактер и се противат на вообичаените општествени норми иако понекогаш не се ни свесни за тоа. Некои пак одбираат пирсинг на невообичаени делови од своето тело за да го привлечат вниманието на себе, или пак сакаат да дадат до знаење дека не им е грижа што мислат другите за нив. Секако, постојат и луѓе кои ставаат пирс само затоа што им се допаѓа.rnrn
rn
3. Бисери
rnАко сакате да носите бисери, вие сте личност со традиционални уверувања која сака класични и елегантни работи. Бисерите често се поврзуваат со жените од минатото, а денес ги носат дамите кои го сакаат ретро стилот. Бисерните парчиња накит даваат елеганција на секоја комбинација, а ги носат жени кои сакаат да изгледаат софистицирано и едноставно.rnrn
rn
4. Уникатни парчиња
rnУникатните парчиња накит вообичаено се избор на модерните девојки кои преферираат рачно изработени и оригинални предмети со кои ќе се издвојуваат од останатите. Сакаат да бидат поинакви и да се истакнуваат.rnrn
rn
5. Накит во слоеви
rnЖените кои носат накит во слоеви односно повеќе алки или ланчиња на исто место сакаат да го привлечат вниманието на местото на кое ги носат, како на пример деколтето.rnrn
rn
6. Винтиџ накит
rnВаквите парчиња накит кои би ги нашле во орманот на вашата баба, се карактеристични за сентиментални, нежни и женствени дами.rnrn
rn
7. Накит во боја
rnСекоја боја има свое единствено значење. Ако сакате да носите црвен накит, значи дека сте прилично отворена личност, додека розовиот ја открива вашата голема страст. Жолтата боја покажува оптимизам, сината – сочувствителност, додека зелената е синоним за искреност.rnrn
rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
