Тешко е да се препознае дали некој флертува со вас, особено ако се работи за срамежлив човек. Срамежливите луѓе многу тешко се отвораат и речиси никогаш не се осмелуваат да го направат првиот чекор. Сепак, постојат одредени суптилни знаци по кои можете да препознаете дали срамежливите дечко или девојка отспротива флертуваат со вас…rnrn
rn
Суптилни гестови
rnСрамежливиот дечко нема да ви пее серенада под прозорец. Можеби само ќе ви испрати една насмевка од другиот крај на просторијата. Тој ќе се обидува да воспостави контакт со очи, но веднаш ќе го тргнува погледот. Дали забележавте дека онаа срамежлива девојка постојано поминува покрај вас? Можеби на тој начин се обидува да ви покаже дека е заинтересирана за вас.rn
Се однесуваат чудно
rnСрамежливите луѓе не се чувствуваат воопшто пријатно додека флертуваат, па може да почнат неконтролирано да се смеат и да петелчат. Понекогаш кажуваат работи што не треба и одговараат чудно на обични прашања. Сфатете го ова како знак дека се заинтересирани.rn
Стануваат нервозни
rnВие сте кажале „Здраво, како си?“, а срамежливите поединци исплашено ве погледнале, се збуниле и промумлале нешто. Тоа значи дека сте ги направиле нервозни, а тоа е знак дека најверојатно им се допаѓате.rn
Флертуваат онлајн
rnМожеби сте забележале дека вашите срамежливи симпатии се поотворени онлајн отколку во живо. Тие ги лајкнуваат вашите објави и ви коментираат на фотографиите. Но, сепак понекогаш им треба време за да смислат добар одговор на пораките. Немојте да мислите дека не се заинтересирани, ако не ви одговорат веднаш.rn
Не сакаат да зборуваат за себе
rnНа срамежливите луѓе не им е пријатно кога целото внимание е насочено кон нив. Па затоа, тие постојано ќе ви поставуваат прашања поврзани со вашиот живот и вашите интереси. На овој начин, тие ќе се спасат, а вие ќе зборувате цело време. Внимавајте на оваа замка!rn
Случајно ве допираат
rnАко вашите срамежливи симпатии постојано наоѓаат можност да ве допрат за рамо или за рака, тоа се нивните знаци на флертување. Но, за да бидете сигурни, обрнете внимание како се однесуваат со други луѓе. На некои поединци физичкиот контакт им доаѓа многу природно.rn
Се отвораат кога ќе испијат малку повеќе алкохол
rnТоа не значи дека треба да ги опијаните, но алкохолот навистина им помага да се опуштат малку. Ако се најдете во ситуација каде што има алкохол, обрнете внимание на тоа како вашата симпатија реагира на флертот. Сигурни сме дека ќе бидат многу посигурни во себе!rnrnАко се обидувате да започнете врска со срамежлива личност, запомнете дека таа можеби го чека вистинскиот момент за да ви каже како се чувствува. Или можеби не знае како да ви каже дека ѝ се допаѓате, без да звучи глупаво. Доколку ништо не се случува помеѓу вас, а не сте сигурни како се чувствува вашата симпатија, прашајте. Сигурно и вие сте малку срамежливи, но некој мора да преземе нешто. Зошто да не бидете тоа вие?rnrnСуптилните знаци се тешки за препознавање, но постојат и некои очигледни знаци дека тој флертува со вас.