КАФЕ ПАУЗА

Трепки какви што отсекогаш сте посакувале: 4 одлични техники за нанесување маскара

Трепките навистина се клучниот дел од женската убавина. Испеани се во многу песни и отсекогаш биле синоним за женственоста и мистериозноста. Денес постојат различни техники за да ги направите подолги, погусти и повеќе заводливи, а една од најраспространетите е со користење маскара. Веруваме дека веќе имате некоја своја вообичаена рутина за нанесување маскара, но добро би било да дознаете и некои други начини кои ќе ви дадат различни и богати ефекти.rn

1. Природни трепки

rn1-4-tehniki-za-nanesuvanje-na-maskara-za-trepki-kako-shto-otsekogash-ste-posakuvale-www.kafepauza.mk_rnrnОва е воедно и најкласичниот начин за нанесување масакра, но затоа е и проверено добар и ќе прилега на секоја од вас. Поставете ја четката во паралелна положба со средишниот дел на горните трепки, доближете ја до коренот и започнете да ја движите лево-десно влечејќи ја право нагоре, за убаво да ги раздвоите трепките и да нанесете од производот на секоја од нив.rnrnПотоа поставете ја четката на агол од 45 степени во однос на трепките на надворешниот дел и со истиот цик-цак метод извлечете ја кон надвор, за да постигнете ефект на извиткани трепки. Повторно поставете ја четката под агол од 45 степени, но овој пат на коренот на трепките од внатрешниот агол на окото и нив извадете ги кон надвор. Ова ќе го „отвори“ окото и ќе го направи покрупно.rnrn2-4-tehniki-za-nanesuvanje-na-maskara-za-trepki-kako-shto-otsekogash-ste-posakuvale-www.kafepauza.mk_rnrnОчите ќе бидат истакнати, но не и нападни и впечатливи, па затоа оваа техника е одлична за дневни варијанти кога ќе посакате природен изглед.rn

2. Мачкини очи

rn4-4-tehniki-za-nanesuvanje-na-maskara-za-trepki-kako-shto-otsekogash-ste-posakuvale-www.kafepauza.mk_rnrnАко сакате да ги шминкате очите така што тие ќе изгледаат како на мачките, а тоа подразбира нивен закосен изглед и нанесување на потемни сенки на надворешниот агол на капакот, тогаш и трепките треба да го следат овој изглед.rnrnЗапочнете така што ќе ја нанесете маскарата како во претходниот метод, но овој пат повеќе фокусирајте се на трепките од надворешниот агол. На нив нанесете повеќе слоја, држејќи ја четката под агол од 45 степени. Можете благо да ги „запечатите“ на аголот.rnrn3-4-tehniki-za-nanesuvanje-na-maskara-za-trepki-kako-shto-otsekogash-ste-posakuvale-www.kafepauza.mk_rnrnСо сигурност ќе го добиете мачкиниот изглед што го посакувате!rn

3. Нагласување на долните трепки

rn6-4-tehniki-za-nanesuvanje-na-maskara-za-trepki-kako-shto-otsekogash-ste-posakuvale-www.kafepauza.mk_rnrnОва е идеална техника за сите оние што имаат ситни очи. Нагласувањето на долните трепки ќе го „отворат“ окото и ќе го направат впечатливо, па така тоа ќе делува покрупно.rnrnЧетката од маскарата завртете ја вертикално и доближете ја до врвовите на долните трепки, па движете ја лево-десно така што ќе оставите поголема количина од производот на нив. Потоа, поставете ја паралелно со коренот на трепките и извлекувајте ја, фокусирајќи се најмногу на маската во самиот корен.rnrn5-4-tehniki-za-nanesuvanje-na-maskara-za-trepki-kako-shto-otsekogash-ste-posakuvale-www.kafepauza.mk_rnrnЕфектот ќе биде навистина неверојатен!rn

4. Мега волумен

rn8-4-tehniki-za-nanesuvanje-na-maskara-za-trepki-kako-shto-otsekogash-ste-posakuvale-www.kafepauza.mk_rnrnИзразениот волумен на трепките е и тоа како можен со правилната техника за нанесување маскара. Оваа техника е резервирана за најхрабрите помеѓу вас, а ја препорачуваме за вечерни излегувања.rnrnАко сакате вашите трепки да изгледаат како оние на Бети Буп, нанесете ја маскарата користејќи ја техниката за природен изглед, а потоа додека таа е сè уште влажна, со помош на четка нанесете бебешка или безбојна пудра, така што потполно ќе ги прекриете. Веднаш после овој чекор нанесете втор слој од маскарата. Доколку сакате навистина впечатлив изглед и ефект на „пајакови нозе“ повторете го уште еднаш целиот процес пред да се исуши вториот слој на маскара.rnrn7-4-tehniki-za-nanesuvanje-na-maskara-za-trepki-kako-shto-otsekogash-ste-posakuvale-www.kafepauza.mk_rnrnЕфектот ќе биде бомбастичен!