КАФЕ ПАУЗА

Топ дестинации за шопинг

Топ дестинации за шопинг

Автор: Александра ЧакаровскаrnrnНе мора да сте зависници од шопинг за да ги посетите најдобрите дестинации во светот, каде буквално можете да си купите сè што ќе ви текне на памет. Доволно е да ги пронајдете на вашата мапа, да ги земете кредитните картички и да заборавите на својата заштеда. :)rnrnТоп дестинации за шопингrn

5-тата авенија во Њујорк

rnОва место е идеално за оние кои преферираат „тренди“ стил и се секогаш во чекор со најновите збиднувања во модата. Прада, Луј Витон, Гучи, Фенди, Версаче се само дел од најпознатите модни куќи каде можете да се подновите со некое луксузно парче облека. 5-тата авенија е идеално место и за децата, бидејќи токму овде е сместена најголемата продавница за играчки „Фао Шварц“. Исто така и вљубениците на технологијата нема да останат разочарани, бидејќи овде ќе можат да ја посетат познатата „Епл“ продавница.rnrnТоп дестинации за шопингrn

Галеријата Виторио Емануел II во Милано

rnЗа сите вљубеници во архитектурата од 19 век, ова е извонредно место каде шопингот може да се претвори во вистинско уживање. Галеријата Виторио изградена во 1870 година, плени со својот средновековен раскош и убавина. По многуте часови поминати низ продавниците, можете да се опуштите и да седнете во едни од најдобрите ресторани во Милано, сместени токму во оваа галерија.rnrnТоп дестинации за шопингrn

Трговскиот центар во Дубаи

rnНајголемиот трговски центар во светот, со исклучок на Северна Америка, се наоѓа во Дубаи. Распослан на 2,4 милиони квадратни метри, ова е место каде ќе уживате во уникатниот ентериер специјално дизајниран за потребите на центарот. Она што воодушевува е затворениот ски-центар „Ski Dubai“, огромно пространство прекриено со  вистински снег кога температурите надвор се качуваат и до 40 степени.rnrnТоп дестинации за шопингrn

Стоковната куќа „Вако“ во квартот Гинза, Токио

rnКвартот Гинза е најпопуларниот во Токио кога се работи за забава и шопинг. Куќата Вако“, лоцирана во срцето на Гинза, е популарна по луксузниот накит, скапите часовници и порцеланските предмети. Изградена во ренесансен стил, е една од малкуте згради што ја преживеале Втората светска војна.rnrnТоп дестинации за шопингrn

Галеријата „Лафајет“ во Париз

rnГалеријата Лафајете вистински рај за сите оние за кои шопингот претставува задоволство. Оваа галерија, изградена во 1894 година, е една од најстарите дестинации за купување во Париз. Освен најновите паришки трендови на модата, галеријата е посетена од цел свет и поради познатите светски брендови кои нудат производи од прва класа. Бидете подготвени да потрошите нешто екстра за паришко парче од високата мода, кое ќе ви остане како спомен за цел живот.rnrnТоп дестинации за шопингrn

Центарот „Итон“ во Торонто

rnТрендовски и еден од најпосетуваните трговски центри во Торонто, е токму центаротЕатон. Во оваа застаклена галерија се сместени околу 250 продавници и буквално можете да купите сè што ве интересира, од накит, облека, работи за домаќинството и електроника.rnrnТоп дестинации за шопингrn

Стоковните куќи „Селфриџес“ и „Хародс“ во Лондон

rnОвие две големи куќи се едни од најлуксузните дестинации во Лондон кога се работи за шопинг. Многу од продавниците и рестораните кои се наоѓаат овде се едни од најпознатите во светот. Трговскиот центар Хародсе познат по големиот избор на чевли, облека и накит со печат од најпознатите светски брендови.rnrnТоп дестинации за шопинг
rnrn


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.