Погледнете го овој трик кој Мерлин Монро го користела со цел да има прекрасни усни кои можат да привлечат сечие внимание. Доколку внимателно ги следите чекорите, вие за само неколку минути ќе имате пополни и поистакнати усни на кои никој нема да може да им одолее…
rn
Чекор 1 – Потцртајте ги усните
rnОткако ќе им направите пилинг на вашите усни, исцртајте линија околу нив со најтемното моливче за усни кое го поседувате. Колку е тоа потемно, толку повеќе ќе создаде илузија на длабочина.
rn
Чекор 2 – Создадете основа
rnСо помош на црвено моливче во нијанса на бојата на цигла, обојте ги усните во границите на моливчето. Фокусирајте се на краевите на усните и со помош на мали и кратки движења бојте од надворешноста кон центарот.
rn
Чекор 3 – Спојте ги боите
rnСо вашата најсилна црвена боја, почнете од центарот на усните и со кратки движења нанесувајте ја кон надвор. Бидете внимателни да не се доближите премногу блиску до надворешноста на усните (не сакате да ја избришете длабочината која сте ја создале), но сепак обидете се што е можно повеќе да ги споите боите со цел да не се забележува разлика.
rn
Чекор 4 – Осветлете
rnСо помош на четка или со вашите прсти, нанесете сјај на средината од вашата долна усна. На овој начин ќе создадете илузија дека вашите усни се пополни и со тоа ќе го привлечете вниманието кон центарот на вашите усни, правејќи ги да изгледаат поголеми.
rn
Чекор 5 – Хидратација
rnНанесете проѕирен балсам за усни со цел да ја вратите влажноста на вашата уста. Балсамот ќе предизвика вашите усни да изгледаат здраво и хидрирано и ќе го задржи подолго време карминот на нив.
rn
Завршен изглед
rnНа овој начин вашите усни ќе изгледаат поголемо и посјајно, исто како усните на Мерлин Монро.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


