Фенг шуи не се однесува само на распоредот на предметите во домот, туку и на вашиот однос кон животот. Во деловите од домот во кои најчесто ги извршувате работите поврзани со финансиите употребувајте живи бои. Според експертите за фенг шуи, најдобрите бои за ова се зелената и виолетовата.rnrn
rnrnЗелената е боја на виталноста и созревањето, а виолетовата го претставува богатството. Во вашата кујна поставете чинија со грозје, а најдобро е ако комбинирате бело (зелено) и црно (виолетово). Кога ќе помине сезоната на овошјето, можете да го замените природното со реплика од дрво или стакло.rnrnЕден од најважните совети од фенг шуи е внимателното ракување со парите. Многу од нас имаат обичај да ги гужваат парите во паричниците и џебовите, или да ги оставаат на разни места низ домот. Кога ќе почнете да ги запоставувате парите, и тие ќе почнат да ве запоставуваат вас. Поради ова секогаш чувајте ги парите внимателно, а сметките чувајте ги во убави пликови или пластични кутии со живи бои. Исто така чувајте ги на левата страна од работната маса, местото каде што треба да се наоѓаат и парите во работниот простор.rnrnПарите се како енергија која не само што е важно да ја имате, туку важно е и да протекува низ вашиот живот. Ако немате доволно пари за подарување или трошење, сигурно можете да подарите дел од вашето време или внимание.rnrnПоради ова секоја вечер одвојувајте по неколку минути за да се заблагодарите за она што го имате, како и за да размислите што би можеле да им подарите на другите. Богатството не е секогаш да добиете или да имате повеќе, туку и да ја најдете позитивната страна на она што веќе го имате. Кога ќе бидете благодарни за нештата што ги имате, животот ќе ви „прати“ повеќе пари, а истовремено ќе се чувствувате многу позадоволно.rnrnПогледнете и кои се предметите и растенијата во вашиот дом што предизвикуваат кавги и сиромаштија.
Совети од фенг шуи што ќе ви помогнат да привлечете повеќе пари во вашиот живот
