Живееме во свет каде што не е прифатливо да се биде поинаков од останатите. Ако доживеете духовно будење, постои голема веројатност дека ќе почнете да се чувствувате осамени. Но, оваа осаменост не треба да се смета како негативна појава. Напротив, треба да ја прифатите и да научите како да се справите со неа. Иако духовната осаменост е едно од најтешките чувства на светот, верувајте дека можете да ја победите. Прочитајте ги следниве неколку совети кои ќе ви помогнат да се справите со духовната осаменост…rnrn
rn
Побарајте други духовно будни луѓе
rnНајдете ги луѓето со коишто сте на иста бранова должина. Овие поединци ќе ве разберат и ќе можат да ви помогнат. Иако духовно будните луѓе се вистинска реткост, ќе можете да ги најдете доколку ги побарате повнимателно.rn
Не заборавајте кои сте
rnВие сте прекрасно човечко суштество кои има своја животна смисла. Не им дозволувајте на несреќните луѓе да ве разочараат. Не заборавајте дека се наоѓате токму таму каде што треба да бидете.rn
Препуштете им се на спонтаните случувања
rnДозволете им на работите да се случуваат сами по себе и престанете да го контролирате светот околу вас. Немојте да станете очајни за друштво и да поминувате време со луѓе што не ви одговараат. Сѐ се случува со причина, престанете да се борите против тоа.rn
Ослободете се од луѓето кои ве уназадуваат
rnНема место во вашиот живот за луѓето кои го попречуваат вашето духовно патување. Ако забележите дека некој не ве поддржува и не ви дозволува да го извлечете најдоброто од себе, веднаш треба да го отстраните тој човек од вашиот живот. Не треба да губите време за луѓето кои не се грижат за вас. Ваквите поединци уште повеќе ќе ја засилат вашата осаменост.rnrn
rn
Земете си домашен миленик
rnАко луѓето не се тука за вас, вашиот домашен миленик никогаш нема да ве напушти. Можете да посвоите маче или куче кои биле оставени во засолниште. На тој начин ќе успеете да спасите некое животинче, а тоа е најпрекрасното нешто што можете да го направите во животот.rn
Волонтирајте
rnВолонтирањето значително ќе ви го подобри расположението. Вашата животна цел е да ѝ помагате на планетата и на луѓето и животните кои живеат на неа. Освен тоа, волонтирањето ќе ви помогне да запознаете многу истомисленици и да го пронајдете вашето место во светот.rn
Правете ги работите што ви носат среќа
rnПочнете да се занимавате со некое забавно и креативно хоби. Тоа ќе ви помогне да се развеселите кога ќе бидете тажни. Без разлика дали станува збор за сликање, фотографирање или плетење, одвојте време за вашето омилено хоби.rn
Вежбајте јога или медитирајте
rnМедитацијата ќе ви помогне да се ослободите од сите негативни мисли и да остварите длабока поврзаност со самите себе. Преку медитирањето ќе почнете да водите значајни и духовни разговори со себеси!rnrnСосема возможно е да бидете осамени, дури и тогаш кога сте опкружени со луѓе, особено ако нивното животно патување се разликува од вашето. Не плашете се од изолацијата и применете некои од горенаведените совети за да си го подобрите расположението уште веднаш.rnrnДоколку не сте сигурно дали сте доживеале духовно будење, прочитајте ги следниве 10 главни знаци дека сте го откриле вашиот духовен пат.