Звучи чудно, но математиката е навистина корисна алатка што може да ја разоткрие мистериозната љубов. Според научниците, за да го најдете совршениот партнер не треба да имате среќа, туку да ги знаете вистинските математички алгоритами. Досега, математичарите имаат предложено голем број теории за врската меѓу љубовта и науката, но Хана Фрај ги комбинирала сите тие теории во едно и дошла до формулата за тоа како да се најде совршениот партнер. Нејзината теорија е следнава…rnrn
rn
Во светот има два пати повеќе жени за разлика од мажи
rnВистината е дека почесто се раѓаат машки бебиња отколку женски. Меѓутоа, многу поретко се случува кај девојчињата да бидат дијагностицирани со сериозни болести. Освен тоа, кај возрасните жени постои помала веројатност дека ќе стекнат лоши навики и ќе направат лоши животни избори.rn
Колку мажи ви одговараат од местото каде што живеете?
rnДа речеме дека во вашиот град живеат милион мажи.rnrnКолку од нив би биле на ваша возраст? – 22%, односно 220.000rnrnКолку од нив би биле синг? – 40%, односно 88.000rnrnКолку од нив би имале завршено факултет? – 30%, односно 26.400rnrnНа колкумина од нив би им се допаднале? – на 20%, односно 5.280rnrnСо колкумина од нив би можеле да имате сериозна врска? – со 20%, односно 1.056rn
Колкави се шансите да најдете љубов во голем град?
rnПомалку од 1% од луѓето го наоѓаат совршениот партнер во нивниот роден град. Тоа значи дека веројатноста е еден од сто. Исто толку веројатно е и да најдете детелина со четири листа или да загинете во сообраќајка.rnrn
rn
Убавиот физички изглед не е толку важен
rnОколу 80% од луѓето не сакаат да излегуваат на љубовни состаноци со луѓе кои изгледаат премногу привлечно на Интернет, од страв дека ќе бидат одбиени. Повеќето одбираат луѓе кои изгледаат солидно и со кои ги делат истите интереси.rn
Како да го одберете совршениот партнер?
rnОптимална теорија на запирање: Според математиката, доколку започнете да излегувате на љубовни состаноци на возраст од 15 години и сакате да се омажите пред да наполните 35 години, тогаш не би требало да започнувате сериозна врска со луѓето што ќе ги сретнете пред да наполните 25 или 27 години. Тоа значи дека ќе треба да прекинете со повеќе од 37% од сите ваши партнери што ќе ги имате во животот. Треба да одберете некој кој ќе биде подобар од сите претходни. Во природата, оваа стратегија ја применуваат одредени видови риби.rn
Дали навистина вреди да барате љубов?
rnИстражувањата покажале дека луѓето во нивните 40-ти години ја гледаат љубовта како нешто што им овозможува силно чувство на задоволство. Моќта и парите се на второ и трето место.