Според фенг шуи и народните верувања, постојат одредени предмети и растенија кои е потребно да ги исфрлите од вашиот дом. Се верува дека тие носат несреќа или ја задржуваат лошата енергија во куќата. Погледнете кои се сметаат за особено лоши, затоа што може да донесат кавги и сиромаштија.rn
1. Скршен часовник
rnСпоред фенг шуи, треба да ги исфрлите сите скршени работи од вашиот дом, а особено скршените часовници. Тие наводно укажуваат на несреќни случувања во иднината.rn
2. Црна врата
rnКинеското верување вели дека црната врата повикува лоша среќа во вашиот дом, но не и ако е свртена кон север.rn
3. Стар календар
rnСпоред старите суеверија, не е добро доколку ја немате свртено страницата на календарот на тековниот месец или пак ознаката за датум ви останала на погрешно место. Календарот е симбол за поминување на времето, а ако го користите на погрешен начин, се смета дека тоа може негативно да влијае на вашиот живот.rn
4. Скршени садови
rnСпоред кинеското верување, садовите симболизираат богатство и семејство. Ако јадете од малку скршени чинии, потсвесно повикувате проблеми во својот живот. Затоа, штом нешто ќе ви се скрши, фрлете го веднаш.rn
5. Кактуси и растенија со трње (освен рози)
rnСе смета дека тие внесуваат негативна енергија во вашиот дом.rn
6. Мртви растенија
rnИсто како и вештачкото цвеќе, така и мртвите растенија се верува дека носат лоша среќа, па, според фенг шуи, треба да ги исфрлите од вашата куќа што е можно порано.rn
7. Бршлен
rnСпоред старите верувања, отровниот бршлен кој расте во куќата, носи несреќа.
Доколку сте суеверни и сакате да ја отфрлите несреќата на какви било начини, погледнете и кои броеви треба да ги избегнувате, затоа што ја носат титулата несреќни броеви.

