Понекогаш животот знае да биде навистина тежок. Сите поминуваме низ добри и лоши периоди. Кога лошите деновите ги надбројуваат добрите, тоа е знак дека треба да преземете нешто што е можно побрзо. Доколку се чувствувате како да сте заглавени во безизлезна бездна, можете да се ослободите и да стигнете до светлото на крајот од тунелот. Треба само да го откриете коренот на проблемот. Понекогаш можеби не сте целосно сигурни што треба да смените, па мора да ја преземете улогата на детективи. Ова се 7-те прашања што треба да си ги поставите доколку не сте среќни со вашиот живот и сакате да направите одредени промени…rnrn
rn
1. „Дали треба да се преселам во ново место?“
rnОва можеби ви звучи застрашувачки, но понекогаш тоа е чекорот што треба да го преземете за да се пронајдете себеси. Сите луѓе треба да го менуваат местото на живеење додека не откријат каде припаѓаат во светот.rn
2. „Дали работата ме прави несреќен/на“?
rnПоминувате околу 8 часа на работа секој ден. Најверојатно повеќе време поминувате со вашите колеги отколку со пријателите и семејството. Доколку работите на место што ве прави несреќни, тоа е голем проблем. Не плашете се да излезете од удобната зона и да останете без работа. Ќе најдете нешто друго. Ниту една работа не вреди толку многу за да ја изгубите среќата.rn
3. „Дали треба да го проширам мојот круг на пријатели?“
rnПонекогаш забавно е да се има пријатели кои сакаат да озборуваат, но кога тоа ќе прерасне во бран на негативност, може да има штетно влијание на вашата благосостојба. Мора да размислите дали вашите пријатели ви носат позитивност во животот или само предизвикуваат драма. Доколку се работи за второто, време е да ги преиспитате вашите пријателства и да си го проширите кругот на пријатели.rnrn
rn
4. „Дали врската ме прави несреќен/на?“
rnДоколку постојано се карате со вашиот партнер, можеби време е да прекинете. Тешко е да се остави саканата личност и сингл животот можеби не ви делува привлечно, но понекогаш токму тоа треба да го направите за да пронајдете вистинска среќа. Токсичните врски во животот не го заслужуваат вашето време и енергија. Ниту една љубов не треба да предизвикува повеќе жртви отколку убави сеќавања.rn
5. „Дали домашен миленик би ме направил посреќен/на?“
rnНекои луѓе кои се справуваат со анксиозност и депресија посвојуваат кучиња. Животните можат да ви помогнат да ги пребродите тешките периоди. Можеби ви треба едно крзнено другарче за да бидете среќни. Кој би можел да остане тажен додека гали прекрасно маченце?!rn
6. „Дали ми треба одмор?“
rnПонекогаш не ви треба голема животна промена за да ја победите тагата. Понекогаш сѐ што ви треба е бегство од напорното секојдневие. Доколку поминало многу време од последниот пат кога сте отишле на ново место, сега е моментот за да го направите тоа. На сите луѓе им треба одмор и можност да се опуштат и да си ги наполнат батериите.rn
7. „Кому можам да се обратам?“
rnЧестопати ја потценуваме способноста на луѓето околу нас да нѐ сослушаат и разберат. Доколку поминувате низ тежок период, сигурно имате пријател или член од семејството кој би можел да сочувствува со вас и да ви помогне. Треба само да размислите кој би можел да ви пружи најголема поддршка и да се отворите.rnrnСите заслужуваме среќа. Тргнете во потрага по вашата!rnrnВо продолжение прочитајте ги овие 20 мисли за поубав ден, поисполнет живот и повеќе радости и насмевки.