КАФЕ ПАУЗА

Со сексот против мамурлакот

Сосема е нормално да се чувствувате сексуално возбудени кога ќе се разбудите наутро после бурна ноќ, со многу испиени чаши алкохол. Научниците објаснуваат дека во човековата природа е желбата за акција под чаршавите, после лудата вечер.rnrn(1) so seksot protiv mamurlakot - www.kafepauza.mkrnrnЗа време не сексот, и кај мажите и кај жените се лачат хормоните ендорфин и окситоцин, кои ги ублажуваат симптомите од мамурлакот, но најмногу ќе помогне доживувањето оргазам, после кој ќе се чувствувате значително подобро.rnrnШто се однесува до самиот сексуален чин за време на мамурлак, имајте на ум дека најверојатно ќе бидете прилично чувствителни. Доколку и двајцата се чувствувате болежливо и изнемоштено водете љубов нежно, бавно и внимателно. Секс-позата „лажица“ е одлична варијанта за ваквата ситуација, во која мажот е легнат паралелно зад жената. Ладен заеднички туш, исто така убаво ќе ве освежи и ќе го измие алкохолот кој излегува низ вашите пори. Доколку чувствувате мачнина, дефинитивно треба да го прескокнете оралниот секс, бидејќи тој би можел само да ја влоши ситуацијата.rnrnСледниот пат кога ќе претерате со алкохол на некоја журка, наредното утро наместо да посегнете по таблетата против болки, препуштете се на мамурна секс-забава со вашиот партнер, која е поинтересна, а и поефикасна. :)rnrn rnrn


rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.