Едно неодамнешно истражување за чоколадото покажа дека тоа може да игра добра улога во креирањето на вашето здравје. Според истражувањето, оние луѓе кои консумираат повеќе чоколадо ги намалуваат шансите за кардиоваскуларни болести за дури 37% и шансите за срцев удар за 29% во споредба со оние луѓе кои многу малку консумираат чоколадо.rnrn
rnrnИако експертите тврдат дека треба да се избегнува внесување на високо калорично чоколадо во организмот, сепак невозможно е да се прескокне фактот дека тоа е многу здрав додаток во исхраната. Многу истражувања досега покажале дека темното чоколадо содржи антиоксиданси кои го одржуваат срцето здраво и можат да помогнат при заштитата од некои други закани по здравјето. Ова се 5 додатни причини зошто чоколадото е здраво и добро за вас.rnrn
1. Чоколадото може да ви помогне со математиката
rnСоединенијата во чоколадото содржат антиоксиданси кои ја подобруваат циркулацијата, вклучувајќи го и протокот на крв кон мозокот. Во едно истражување направено во 2009 година, учесниците биле поделени во групи по тројца и им била дадена задача да бројат наназад почнувајќи од некој број помеѓу 800 и 999. Откако се напиле топло чоколадо, тие почнале да бројат многу побрзо и поточно, без притоа да се заморуваат или ментално да се исцрпуваат.rnrn
2. Најадува
rnДоколку како помали, мајките не ви дозволувале да каснете чоколадо пред да јадете оброк, за да не си го расипете апетитот, тогаш да знаете дека биле во право. Дански истражувачи им дале на 16 учесници, по 100 грама црно или млечно чоколадо по избор. После 2 часа, учесниците биле ставени на искушение со пица. Оние кои претходно одбрале темно чоколадо, овој пат внеле за 15% помалку калории од оние кои јаделе млечно чоколадо и имале одбивност кон секаков тип богата храна.rnrn
3. Прави да се чувствувате подобро
rnЧоколадото содржи состојка која предизвикува ослободување на ендорфин. Оваа реакција е многу слична на онаа која луѓето ја чувствуваат кога се заљубуваат. Доктори од лабораторијата за испитување на мозокот во Лондон, викнале 6 пара. Им дале задолжение да остават по неколку коцки темно чоколадо да се стопи во нивната уста, а потоа да се бакнуваат додека нивните мозок и срце се скенираат. Двете акции направиле срцата и мозоците на учесниците да зујат, но чоколадото двојно ја зголемило возбудата во центрите за задоволство во мозокот, особено кај жените.rnrn
4. Чоколадото помага да се опуштите
rnПостои биолошки објаснива причина, зошто посегнувате по благо кога сте вознемирени. Истражувањата покажуваат дека чоколадото содржи состојка наречена анандамид, која ги активира истите мозочни рецептори како и марихуаната.rnrn
5. Помага за продолжување на животот
rnЕдно истражување во британското медицинско списание открива дека консумирањето на благо може да ви помогне да живеете подолго од оние луѓе кои не консумираат благо. Учесниците во истражувањето кои јаделе благо од еднаш до три пати месечно имале најниска смртна стапка во групата, а истражувачите претпоставиле дека ова е поради антиоксидансите во чоколадото. Во 2009 година едно друго истражување докажало дека луѓето кои преживеале срцев удар, а консумираат чоколадо, имаат помала шанса за компликации од оние кои не јадат.rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn
