КАФЕ ПАУЗА

Со помош на овие мејкап трикови вашите брчки ќе бидат помалку видливи

Добрата рутина за разубавување и здравата исхрана може да направат чуда за вашата кожа, но што може да направите за да изгледате помладо во истиот момент? Не ви е потребна никаква пластична операција, бидејќи постојат едноставни трикови кои ќе направат вашите брчки да бидат помалку видливи, а вие ќе изгледате помладо за само една минута. Ова се мејкап триковите кои ќе ви го овозможат тоа.rnrnSet of counting woman hands 1 to 5 isolated on white backgroundrn

1. Нанесете прајмер

rnПримената на прајмерот пред нанесување на пудрата за основа е секогаш добра идеја. Прајмерот има свиленкаста текстура и го подобрува вашиот тен, но исто така ги прекрива сите брчки. Ќе изгледате помладо за само една минута.rn

2. Помалку пудра

rnМногу е важно да користите помалку пудра, колку сте постари. Таа ќе ги нагласи вашите брчки наместо да ги прикрие. Заменете ги обичните и тешки пудри со ББ крема.rnrnTeenager problem skin care - woman wash face with cleansing foamrn

3. Внимавајте на пределот околу очите

rnАко сакате да изгледате помладо и до 10 години, мора да посветите посебно внимание на пределот околу очите. Брчките во овој предел најчесто се предизвикани од дехидрација на кожата. За да ги прикриете брчките околу очите, мора да применувате хидратантна крема, а потоа кремаст коректор. Избегнувајте да користите основа во овој предел.rn

4. Високо коњско опавче

rnОвој едноставен трик функционира како инстантен лифтинг и веднаш ќе ги направи вашите брчки помалку видливи.rn

5. Хајлајтер

rnВашиот хајлајтер може да стане вашиот најдобар пријател. Нанесете малку хајлајтер над и под образите. Овој трик ќе ви помогне да изгледате помлади и посвежи.