КАФЕ ПАУЗА

Шармантно село во Романија со уникатен дворец како од бајките

Шармантно село во Романија со уникатен дворец како од бајките

Ако ве однесе патот од Темишвар до Брашов или Букурешт, одморете се во живописниот град Кастелул‑де Лут Валеа Занелор и нема да жалите, ветуваме. Неговото име во превод значи замок од глина во долината на самовилите.rnrnШармантно село во Романија со уникатен дворец како од бајкитеrnrnСтанува збор за еко-село и мал замок лоциран во романска долина во познатиот регион Трансилванија, недалеку од реката Порумбац. Откако ќе го видите на фотографии, никогаш нема да го заборавите. Познато е по својот уникатен изглед со куќи од бајките, а околната природа, која се состои од зелена долина, планини во заднината и шумот на реката, само го засилуваат тој впечаток и хармонија. Изградено е од глина и песок, а неговиот облик потсетува на хобитски куќи или некои шумски суштества од бајка.rnrnИако изгледа како спомен од античко време, неговото минато не е толку долго. Ова село е основано од романско семејство кое ја нашло инспирацијата во сопственото дете, но и во прекрасната природа на овој регион. Сè започнало во 2015 година, и тие ја чуваат тајната за градење на замокот за себе – тие само посочуваат дека сè е рачно изработено (самовилите и џуџиња).rnrnШармантно село во Романија со уникатен дворец како од бајкитеrnЗамокот има приземје и прв кат, десет соби, две кули и дури педесет прозорци. Сè е од органско потекло и е во целосна хармонија со природата. Екстериерот е претворен во тераса каде се служи храна, а во близина има неколку продавници за сувенири (сите сувенири се еко производи) и викендички.rnrnОва место е наменето за одмор, па ако барате активности, веројатно нема да останете тука долго. Но, сцените сигурно ќе ви се допаднат. Затоа, ова стана популарна локација за прослави, деловни вечери и свадби.rnrnБилетот се плаќа околу 60 денари.rnrnШармантно село во Романија со уникатен дворец како од бајкитеrnrnШармантно село во Романија со уникатен дворец како од бајкитеrnrnПрочитајте и за овој прекрасен европски град каде кафето чини 40 денари, а пивото 50 денари.