КАФЕ ПАУЗА

Сингл девојките се посреќни за разлика од оние во токсична врска

Сингл девојките се посреќни за разлика од оние во токсична врска

Written by

in

,

Сингл девојките можеби немаат со кого да го прослават Денот на вљубените, но можат да испијат неколку чаши вино и со нивните најдобри пријателки. Тие знаат како да се забавуваат и без партнер бидејќи знаат дека романтичната љубов не е единствениот вид љубов. Нивните пријатели ги сакаат, нивните миленици ги сакаат, и најважно тие се сакаат самите себеси.rnrnСингл девојките се посреќни за разлика од оние во токсична врскаrnrnВо меѓувреме девојките во токсична врска или имаат партнер кој ќе го заборави Денот на вљубените, или имаат партнер кој ќе проба да се оправда за лошото однесување со скап подарок.rnrnСингл девојките можеби немаат фотографии со партнерот на социјалните мрежи, но имаат многу други опции. Можат да објавуваат фотографии со патувања со пријателите, од забави и од промоции. Тоа што се сингл не ги дефинира како личности. Тие имаат кариера, имаат хобија и имаат страсти.rnrnВо меѓувреме девојките во токсична врска не можат да размислуваат за ништо друго освен за врската. Ги губат пријателите бидејќи момчето ги контролира. Ја губат страста бидејќи момчето им ја зема целата енергија. Се лажат дека тоа е љубов, кога всушност тоа воопшто не е во ред.rnrnСингл девојките спијат сами навечер, но целиот кревет е нивен. Имаат време да се релаксираат и да размислуваат. Можат да заспијат со омилениот филм, омилената песна или допишувајќи се со најдобриот пријател.rnrnНа девојките во токсични врски заспивањето не им оди лесно. Одново ги доживуваат расправиите од денот. Се превртуваат во креветот додека размислуваат дали треба да останат. Се прашуваат што ќе им донесе утре – дали партнерот ќе биде добро расположен или повторно ќе направи да се чувствуваат ужасно.rnrnДевојките во врска не се секогаш среќни. Сингл девојките не се секогаш несреќни. Романтичниот партнер не е поврзан со расположението. Постојат сингл девојки кои секој ден го живеат до максимум, а постојат девојки во врска кои едвај ги преживуваат деновите.rnrnИако е тешко да напуштите некого што го сакате, немојте да бидете девојката во токсична врска. Не прифаќајте помалку од тоа што го заслужувате. Ако сте несреќни во врската, вие заслужувате да бидете среќна сингл девојка.rnrnПогледнете и која е предноста на сингл девојките што многумина ја забораваат.