Само љубителите на виното знаат дека една чаша од овој магичен пијалак може да го реши кој било проблем. Виното ни дава утеха по долгиот и напорен ден на работа. Виното е тука за да ни го подигне расположението кога треба да излеземе со пријателите. А сигурно знаете и колку добар придружник е виното додека лежите на каучот и уживате во некоја добра книга или во вашата омилена серија. Доколку можете да разберете за што зборуваме, тогаш сигурно ќе се пронајдете во следниве инспиративни цитати за виното…rnrn
rn
„Виното е како самолеплива лента. Може да поправи сѐ.“ – Непознат автор
rn
„Најмногу сакам да го пијам виното што им припаѓа на другите.“ – Диоген
rn
„Можам да направам виното да исчезне. Која е вашата супермоќ?“ – Непознат автор
rn
„Среќата не се купува со пари, но виното може да се купи, а тоа е горе-долу истата работа.“ – Непознат автор
rn
„Јас сум како добро вино. Станувам подобра како што стареам. Најдоброто допрва доаѓа.“ – Ришел Мид
rn
„Вечната младост подразбира пиење многу вино.“ – Непознат автор
rn
„Пивнете малку вино и смејте се многу.“ – Непознат автор
rn
„Вино! Затоа што ниту една добра приказна не започнала со човек кој јадел салата.“ – Непознат автор
rn
„Кога животот ќе ви даде лимони, продајте ги за да купите вино.“ – Непознат автор
rn
„Секако дека вашиот принц ќе дојде, но за секој случај, имајте си вино и чоколадо.“ – Непознат автор
rn
„Виното го претвора секој оброк во посебна прилика, ја прави секоја маса поелегантна и секој ден поцивилизиран.“ – Андре Симон
rnПрочитајте ги и овие 11 работи што само љубителите на црвено вино ќе ги разберат.