КАФЕ ПАУЗА

Ситуации во кои сексот треба да се препише како лек

Ситуации во кои сексот треба да се препише како лек

Како сексуален психофизиолог, д-р Никол Прауз ги проучува менталните и физичките промени што се случуваат за време на сексот, а својата кариера ја изградила дизајнирајќи иновативни уреди, протоколи и експерименти за да го стори сето тоа. Нејзината цел е да ги открие здравствените придобивки од сексуалната стимулација, па има добра причина зошто луѓето веруваат дека постои врска помеѓу сексот и доброто здравје. Во кои ситуации сексот би служел како лек за луѓето?rnrnСитуации во кои сексот треба да се препише како лек rn

Кога не можете да спиете

rnШто ќе ви е чај кога постои секс?!rn

Кога се обидувате да се смирите со партнерот

rnДури и ако вашиот партнер се извинил, но вие сепак сакате да му удрите шлаканица, подобро удрете го по задникот и за неколку минути сè ќе биде како претходно.rn

Кога сте под голем стрес на работа

rnКога имате толку многу работа што работите дури и дома, одвојте малку време за партнерот и потоа полесно ќе можете да продолжите да работите.rn

Кога немате време за вежбање

rnВежбањето има корисен ефект врз вашето здравје, но има денови кога едноставно нема да имате време да стигнете во теретана. Затоа, уживајте во вежбањето со партнерот.rn

По лошата фризура

rnПлачевте, се прифативте себеси со нова фризура, ѝ се јавивте на вашата пријателка, но сè уште сте нерасположени. Сексот во овој момент ќе ви помогне да запомните дека фризурата не е најсексапилната работа на вас.rn

По импулсивно купување долна облека

rnАко потрошивте повеќе отколку што мислевте и сега жалите за тоа, веднаш облечете ја новата долна облека и дозволете му на партнерот да ви ги покаже дека тие пари не се потрошени залудно.rn

Кога не можете да одлучите што да гледате

rnВие сакате романтика, а тој акција. Комбинирајте ги жанровите така што ќе го прескокнете филмот и ќе ја доживеете акцијата во спалната соба.rn

Кога имате уште многу време до излегувањето на вечера, но сте гладни

rnНаместо да го расипете апетитот, уживајте еден со друг. Верувајте дека ќе заборавите на гладот.rn

Кога престојувате во ужасен хотел

rnИако сè е ужасно, важно е дека двајцата сте заедно. Во иднина, ќе се потсетувате на оваа приказна со насмевка, па сега создадете материјал за сеќавање.rn

Кога одложувате сè

rnКонечно сте планирале да ја средите вашата гардероба или да го исчистите фрижидерот, но никако да го направите тоа. Водете љубов, а потоа нема веќе одложување.rn

Кога едниот од вас оди на долго патување

rnЗнаете дека ќе си недостасувате еден на друг и дека ќе бидете осамени. Заборавете на тоа и искористете го моментот.rn

Кога ви е здодевно

rnСлободниот ум е ѓаволска работилница што може да произведе секакви лоши идеи: од купување преку Интернет до кратење на косата. Наместо тоа, уживајте во сексот со партнерот.rn

Кога ви треба енергија

rnКога немате доволно енергија и концентрација, а имате уште многу обврски, брзиот секс ќе биде многу добар за вас.rnrnПробајте ги овие диви и луди секс-пози за кои сè уште не сте слушнале.