КАФЕ ПАУЗА

Симптоми, причини и ефекти на зависноста од коцкање

Written by

in

,

Зависноста од коцкање никогаш не завршува добро. Резултатите од ова секогаш се катастрофални, не само за коцкарот, туку и за луѓето кои го опкружуваат. Проблемот е тоа што повеќето луѓе ја губат контролата за тоа колку пари и време потрошуваат на коцкањето. Така, тие ги игнорираат своите одговорности и стануваат слепи во врска со несаканите ефекти, а целото внимание и енергија им се посветени на коцкањето.rnrnСимптоми, причини и ефекти на зависноста од коцкањеrn

Видови зависности од коцкање

rnПостојат различни видови коцкања, така што може да се споменат и различни видови зависности. Тука не спаѓаат само казината и слот машините, туку исто така и лотаријата и обложувањата. Луѓето може да бидат привлекувани од коцкањето додека се соочуваат со финансиски проблеми. Тоа им се чини како лесен начин да добијат пари, но води кон еден бескраен циклус кој мора да се прекине со стручна помош. Друга форма на зависност е кога личноста игра само за да добие емоции кои се поврзуваат со преземањето ризици.rn

Причини за зависност од коцкање

rnНеколку фактори придонесуваат за оваа зависност. На пример, очајот за пари, желбата за возбудувања, социјалниот статус поврзан со успешните коцкари, забавната атмосфера… Откако зависноста ќе ги пушти своите корени, не е лесно личноста да се ослободи од оваа навика.rnrnСимптоми, причини и ефекти на зависноста од коцкањеrn

Знаци на проблеми со коцкањето

rnЗнаците на зависноста од коцкање се слични и со знаците присутни кај другите зависности. Некои од заедничките симптоми се следниве:rn

    rn011

  • Потреба за таинственост околу играњето.
  • rn011

  • Проблем со контролирање на навиката.
  • rn011

  • Коцкање дури и во состојба кога личноста не е во можност да си го дозволи тоа.
  • rn011

  • Пријателите и семејството покажуваат голема загриженост во врска со навиките за коцкање.
  • rn

rnВознемиреноста личноста да се обиде уште еднаш, дури и кога не може да си го дозволи тоа, е уште еден голем предупредувачки знак. Ако сака да се откаже, но не може, тогаш тој или таа има сериозен проблем и во ваква ситуација препорачливо е да побара помош.rn

Психолошки и физички симптоми

rnПрекумерното коцкање може да биде причина за појава на психолошки симптоми, како што е депресијата, анксиозноста и самоубиствените мисли. Ако коцкарите не побараат помош, тогаш постои можност дека ќе се соочат со некој од овие проблеми. Луѓето најчесто губат надеж кога ќе изгубат сѐ. Ова води кон вознемиреност и лишување од сон, па личноста може да се соочи со бледа кожа, зголемување или намалување на тежината, темни кругови околу очите или акни.rnrnСимптоми, причини и ефекти на зависноста од коцкањеrn

Ефектите од коцкањето

rnКоцкањето може да има и краткорочни и долгорочни ефекти. Оваа зависност може да води и кон неколку други проблеми. Така, бидејќи коцкарите се под стрес, тие честопати се обидуваат да добијат утеха со дрога или алкохол, а покрај тоа се вклучуваат и во други активности кои може да ја зголемат нивната вознемиреност. Дури и коцкарот да не доживее целосна финансиска пропаст, тој пак ќе се соочи со други зависности кои кај него ќе предизвикаат непоправлива штета.rn

Може ли коцкањето да се лекува со лекови?

rnНевозможно е коцкањето да се третира со лекови, но вознемиреноста и депресијата можат. Тоа може да помогне во надминувањето на циклусот и да постојат шанси личноста да се врати во нормалниот живот.rn

Несакани ефекти на лековите

rnСекогаш постојат несакани ефекти поврзани со лековите. Некои од нив ќе ја влошат состојбата на личноста, пред да ѝ помогнат. Затоа, земањето лекови на своја рака е лоша идеја. Анксиозноста и депресијата се сериозни проблеми и така треба да се сфаќаат.rnrnШирењето на свеста за негативните ефекти кои произлегуваат од коцкањето е многу важна. Луѓето треба да се запознаат со ризиците кои ги носат ваквите игри и да се поттикнуваат кон побезбедни и помалку ризични.