Што сè успеваат да направат ранобудниците додека другите уште спијат?

Сподели

Ако сметате дека сте ранобудник со тоа што се будите околу 6 и 30 или 7 часот, тогаш може да бидете изненадени кога ќе чуете дека има и такви кои се будат помеѓу 3 и 4 часот наутро и веќе имаат воспоставени рутини и активности. Луѓето кои се будат рано тврдат дека утрата се неверојатни, а долгиот дневен циклус ги исполнува со енергија за наредниот ден. Секако, сето тоа го прават кога другите уште спијат.

Реклама

Според ранобудниците, важно е да се „фати“ денот и обврските да се завршат додека надвор има дневна светлина, што е сосема нормален и посакуван ритам на функционирање на човековото тело. Оние кои спијат до доцна пропуштаат значаен дел од денот и прекратко се изложени на сончеви зраци. Сепак, без разлика кога се будиме, важно е да се запази правилото на најмалку 7, а најмногу 8 часа ноќно спиење. Ова се рутините на неколку ранобудници што е добро да ги знаете…rn

1. Венди П., 40 години, обвинителка, авторка и предавачка на универзитет

rnБудење: Околу 3 часот наутро, вообичаено без аларм

Заспивање: 20 часот, секогаш кога може

Утрински рутини:

3:00 – Будење и пиење кафе, почнува со пишување веднашrn4:00 – Појадок и подготовка на статии и презентацииrn6:00 – Вежбање со неколку од колегите пред започнување на работното време

Таа се држи до строго дефинирани активности по работното време, за да може да стигне да се подготви за спиење во 20 часот.rn

2. Линди Л., 46 години, воспитувачка

rnБудење: Околу 4 часот наутро, најдобро во 3 и 45

Заспивање: Периодот меѓу 22 и 22 и 30

Утрински рутини:

4:00 – Будење и смирување на телото, мислите и чувстватаrn4:05 – Вежби за длабоко дишењеrn4:10 – Пиење околу еден литар водаrn4:15 – Зацртување на дневните цели, молење и медитацијаrn4:20 – Вежби за лесно истегнувањеrn4:45 – Подготовка за работниот денrn5:15 – Читање дневни веснициrn5:20 – Подготовка и пиење витамински пијалакrn5:45 – Излегување од дома

Таа смета дека утрата се магични и дека времето коешто си го посветуваме во утринските часови е најдобро нешто што можеме да си го дозволиме.rn

3. Кејт С., 36 години, лиценциран диететичар

rnБудење: Помеѓу 4 и 15 и 5 и 30 наутро

Заспивање: Помеѓу 21 и 22 часот навечер

Утрински рутини:

4:30 – Будење, подготовка на кафе и пиење витамински пијалакrn4:45 – Пиење кафе и прелистување весници и списанијаrn5:00 – Медитирањеrn5:30 – Подготовка, 45-минутно вежбање и туширање со топла водаrn6:45 – Подготовка на зелено смуди за во текот на денотrn7:15 – Тргнување на работа

Кејт веќе со години го практикува раното будење, но уште го нема навикнато телото самото да ѝ се буди во тој период, па затоа секогаш мести аларм.

rn

4. Брајана М., 25 години, блогерка и авторка

rnБудење: Околу 4 и 30 и 5 часот наутро

Заспивање: Помеѓу 20 и 30 и 21 и 30

Утрински рутини:

4:30 – Будење, планирање на денот, па правење вежби за истегнувањеrn5:00 – Редовно дополнување на листата на нешта за кои е благодарнаrn5:15 – Вежбање на лента за трчањеrn5:45 – Еден час јога и медитирањеrn6:45 – Туширањеrn7:00 – Подготвување на децата за во училиштеrn7:30 – Појадок со семејството

Таа ги прави сите овие нешта за да се осигури дека за тој ден ќе биде исполнета со позитивна енергија, што ќе ѝ донесе успех. Ваквиот начин на функционирање ја релаксира.rn

5. Кари С., 52 години, консултантка за социјални мрежи и авторка

rnБудење: Меѓу 4 и 30 и 5 и 15 наутро

Заспивање: Периодот меѓу 20 и 30 и 22 часот

Утрински рутини:

4:30 – Будење, подготовка на кафе и пуштање на кучињата надворrn4:45 – Почнување со дел од работата, додека ужива во свежото кафеrn5:50 – Завршување на работата и подготовка за пливањеrn6:00 – Пливање околу еден часrn7:00 – Работење уште неколку часа пред подготовка на оброк

Според Кари, продуктивноста е најголема во утринските часови, а понатаму може нагло да падне, па затоа е важно уште рано да се започне денот.

Погледнете ги останатите 5 рутини на следната страница…rn

Најново

Може ќе ве интересира