КАФЕ ПАУЗА

12 нешта што треба да ги гледате како ваши предности, а не како недостатоци

12 нешта што треба да ги гледате како ваши предности, а не недостатоци

Written by

in

,

Денес често ќе слушнете дека треба да бидете силни, да не им верувате на сите, дека не сите заслужуваат прошка… Но, всушност овие нешта не се толку лоши. Сосема во ред е да плачете и за најмали работи, да правите грешки и да им простувате на сите. Погледнете кои нешта се всушност вашите силни страни, а не вашите недостатоци.rnrn12 нешта што треба да ги гледате како ваши предности, а не недостатоциrn

1. Ранливост

rnПлачењето пред другите и слободното искажување на емоциите не значи дека сте послаби од луѓето околу вас, туку токму спротивното. Потребна е храброст за директно да се соочите со вашите емоции наместо да ги потиснувате длабоко во себе. Треба да бидете горди на вашата ранливост и да ја прифатите.rn

2. Претерано грижење

rnИако поради ова често сте повредени, никогаш не треба да ви биде срам од тоа што сте грижлива и добра личност. Би требало да се грижите за доброто на другите. Би требало да знаете дали саканите се во ред. Би требало да се грижите за нешто повеќе од себе. Не е погрешно премногу да се грижите. Грешка прават другите луѓе што ја свртуваат нивната глава.rn

3. Лесно приврзување

rnИако можеби ова ви го скршило срцето веќе неколку пати, тоа значи дека го гледате најдоброто кај сите. Го носите вашето срце на дланка и без страв се впуштате во непознатото.rn

4. Давање комплименти

rnМногу луѓе самите се цензурираат за не изгледаат како премногу приврзани за некого. Но не и вие, вие сте автентични. Вие сте полни со ентузијазам. Вие правите другите да се чувствуваат добро бидејќи никогаш не штедите на комплименти. Вие ја ширите љубовта наместо да ја пригушувате.rn

5. Високи очекувања

rnСекогаш се притискате да направите повеќе. Секогаш се движите напред. Никогаш не сте задоволни онаму каде што сте, па поради тоа сте во постојан развој.rn

6. Интровертност

rnКолку повеќе време минувате сами, толку подобро ќе се познавате. Ова е еден од најважните чекори за достигнување на саканиот успех во љубовта и кариерата.rn

7. „Прегласно“ љубење

rnНекои луѓе никогаш нема да го ценат сето она што го правите за нив, но вистинската личност ќе се чувствува посебно што ве има во нејзиниот живот. Таа ќе го сака вашето меко срце и со гордост ќе ве покажува на другите.rn

8. Желба за учење

rnМожеби како мали правеле шеги на ваша сметка бидејќи сте биле бубалица, но сега вие сте тој што се шегува. Гордејте се со вашата интелигенција.rn

9. Простување

rnПонекогаш им простувате на погрешните луѓе. Понекогаш не требало да дадете втора шанса. Но, вашата волја да простувате е нешто навистина добро бидејќи така ќе научите да си простите и самите на себе. Можете да се разделите од вашето мрачно минато и да продолжите кон светлата иднина.rn

10. Мал круг пријатели

rnВие сакате квалитет наместо квантитет. Имате само неколку пријатели, но тие би направиле сè за вас. Тие се пријатели што ќе ве поддржуваат и охрабруваат да го постигнете вашиот вистински потенцијал.rn

11. Транспарентност

rnНе треба да сакате да бидете личност која го лаже светот и се лаже себеси. Добро е што сте отворени. Добро е што сте искрени за вашите желби и соништа.rn

12. Необичност

rnВие сте уникатни. Вие сте единствени. Вие не сте здодевни и предвидливи. Вие сте навистина убава и неверојатна личност.rnrnДали знаете кои „лоши“ карактерни особини можат да бидат добри за вас?