КАФЕ ПАУЗА

Што се тоа демисексуалци и дали вие сте едни од нив?

Што се тоа демисексуалци и дали вие сте едни од нив?

Голем број експерти, ја дефинираат демисексуалноста како состојба, којашто се манифестира преку одбивање на една личност да почувствува сексуална привлечност кон друга, пред длабоко да се поврзе со неа на емоционално ниво. Во суштина, демисексуалноста е многу убава работа. Таа претставува граница помеѓу сексуалноста и асексуалноста и воведува нова димензија, во начинот на којшто овие лица гледаат на сексуалниот чин и сексуалната поврзаност со другите луѓе.rnrnШто се тоа демисексуалци и дали вие сте едни од нив?rnrnМожете да се пронајдете себеси во оваа дефиниција? Доколку се двоумите, продолжете да читате и дознајте ги 12-те знаци коишто покажуваат дека најверојатно сте демисексуалец.rn

1. Не почнувате љубовна врска пред да формирате цврсто пријателство

rnВам ви е од голема важност да бидете прво пријатели со потенцијалниот партнер. Едноставно, верувате дека е неопходно да постои силна емоционална врска помеѓу две личности, пред тие да стапат во романтична врска.rn

2. Вас не секогаш ве возбудува идејата да имате секс

rnНекои луѓе, ги возбудува самата помисла да имаат сексуален однос со личност којашто ги привлекува. Но, не и вие. За вас, сексот претставува само физичка манифестација на нешто многу поубаво и поголемо. Според вас, физичката поврзаност е резултат на силна емоционална поврзаност, а не обратно.rn

3. Попривлечна ви е идејата да спиете во ист кревет, отколку да водите љубов

rnВие обожувате да ја чувствувате физичката топлина од друго лице, преку гушкање и галење, но „спиењето заедно“ за вас не подразбира и неопходност од имање сексуален однос. Всушност, вие преферирате само да спиете во ист кревет гушнати, бидејќи тоа ви е приоритет.rn

4. Помислата на секс за една вечер тотално ве згрозува

rnВие не можете да разберете како некои луѓе пронаоѓаат задоволство во нешто коешто не вклучува никаква емоција, туку е само физички акт за задоволување на примитивните нагони и ладнокрвно заминување од личноста, без да се свртите да погледнете назад. Помислата на целиот тој начин на функционирање, тотално ве згрозува.rn

5. Не можете да го разберете љубовниот и сексуалниот живот на вашите пријатели

rnВашиот уникатен и редок пристап кон љубовните врски, ви оневозможува да ги разберете постапките и размислувањата на вашите пријатели на оваа тема. Едноставно, за вас не е сфатливо како некој може толку лесно да западне во безначаен сексуален акт, базиран само на привлечност и страст, кога треба да биде нешто многу повеќе од тоа.rn

6. Според вас, сексот не е најважното нешто

rnЗа вас, љубовните врски не се базираат на секс. Напротив, сметате дека сексот е само резултат на тоа да се биде во романтична врска со друга личност и не мора да се случува толку често. Помислата дека некои парови не можат да си ја замислат нивната врска, без таа да вклучува возбудлив и активен сексуален живот, за вас е тотално непознато чувство. Вие можете да бидете во врска и без да имате редовни односи и тоа за вас нема да претставува никаков проблем.rn

7. Многу повеќе ве возбудува карактерот, отколку физичкиот изглед

rnВие сметате дека карактерот на една личност е тоа што ја прави убава и посебна. Вас тотално нема ве привлече личност којашто има лице како ангел, а мало срце и лош карактер. Доколку таа личност не знае да води интелигентен разговор и не знае да ги покаже своите емоции, вас дефинитивно нема да ве привлече.rn

8. Да чувствувате симпатии кон некого, за вас не е мала работа

rnВие не развивате романтичен интерес за некоја личност туку-така, од едноставна причина што гледате многу подлабоко на емоционалната поврзаност, што постои или не постои помеѓу вас. Токму поради тоа, никогаш не ги земате вашите чувства здраво за готово, бидејќи сте свесни дека тие се инспирирани од големи длабочини и искрена конекција.rn

9. Не се плашите да се посветите во врската

rnСекогаш кога сте во сериозна љубовна врска, вие сте подготвени да го дадете својот максимум и да му го дадете на партнерот сето она што го имате во себе. Сметате дека посветеноста е неопходна во секоја стабилна љубовна врска и мислите дека е привилегија да бидете со некој, на којшто можете целосно да му се предадете.rn

10. Убавиот разговор со партнерот ве возбудува

rnИнтелигентите разговори со партнерот, како и активната конекција којашто постои меѓу вас, е нешто што прави да се чувствувате неверојатно убаво. Според вас, длабоката поврзаност со партнерот, е дури и подобра и поважна од сексот.rn

11. Не сакате да флертувате

rnЕдноставно ова не е вашиот пристап во врските. Вие не сакате да шетате низ барови и клубови, за таму да најдете потенцијален партнер. Напротив, вашите љубовни врски секогаш биле резултат на пријателство, коешто се развило природно и спонтано.rn

12. Филмовите за возрасни не се наменети за вас

rnПорно филмовите немаат апсолутно никаква емоционална вредност и воопшто не ве возбудуваат. Вам, едноставно не ви е јасно како може две личности да имаат сексуален однос, без претходно да формираат некаква подлабока интимна конекција.rnrnВо продолжение прочитајте и какво е чувството да се биде демисексуалец.