КАФЕ ПАУЗА

Што се случува кога ги потиснувате вашите емоции?

Written by

in

,

Зарем не е точно дека секој од нас ги потиснува чувствата кога е тажен? Но дали е тоа добро? Емоционалното потиснување е многу користена тактика овие денови. Но не сме свесни дека со тоа само создаваме нови проблеми и бран од ментални нарушувања во нашиот живот. Еве ги 10-те начини на кои се справуваме со неискажаните емоции во секојдневниот живот.rnrn10-raboti-koi-gi-pravite-koga-gi-potisnuvate-vashite-emocii-kafepauza.mkrn

1. Грижа за другите

rnПодобро е да се справувате со емоциите на другите луѓе и да ги слушате нивните проблеми отколку да се справите со вашите. Поминувате многу време помагајќи им на вашите блиски да ја надминат кризата во којашто се наоѓаат наместо да се соочите со она што ви се случува вам. Ова однесување е штетно кога не се чувствувате добро.rn

2. Исчезнување на подолго време

rnПонекогаш некои луѓе може да ви предизвикаат емоции кои не можете да ги контролирате. Можеби едноставно не сте способни да се справите со нив сами. Можеби имате проблеми од минатото кои ве тераат да се држите настрана од некои луѓе, и тоа на подолг период.rn

3. Постојано сте зафатени

rnАко постојано се движите од една работа кон друга, вашите емоции не можат да го држат истото темпо. А за вас, ова е одлично.rn

4. Постојано тврдите дека сте во ред

rnАко велите дека сте во ред кога всушност не сте, можеби имате и анксиозно нарушување кое ве „гризе“ однатре.rn

5. Ирационални стравови

rnДури и кога ќе ги сфатите вашите чувства, тие сепак можат да се појават во јавност и да направат да се засрамите. Ова води до ирационални стравови кои емоционално ве цедат.rn

6. Правите сè да изгледа позитивно

rnМногу често правите сите негативни работи да изгледаат позитивно. Вашиот свет можеби се руши, но вие сепак креирате лажно мислење и се убедувате дека сè е во ред. Притоа знаете дека работите можат да се променат за само еден ден.rn

7. Планирате предвреме

rnСакате да контролирате сè и да бидете во можност да предвидите како ќе се чувствувате. Ова ја спречува вашата спонтаност и не ви дозволува да бидете отворени кон нови изненадувања.rn

8. Врски со луѓе кои не се добри за вас

rnМногу често добрите луѓе кои можат позитивно да влијаат на нашиот живот нè одминуваат, бидејќи сме слепи кон нив. Многу често ја избегнувате емоционалната интимност и „заглавувате“ со луѓе кои не се добри за вас.rn

9. Сите работи ги претворате во шега

rnМожеби се смеете на сè што се случува, и ја користите вашата болка за забавување на другите.rn

10. Се обидувате да изгледате силни

rnНе постои човек без емоции. Дури и психопатите искусуваат збир од емоции, како на пример гнев, одвреме-навреме. Силните луѓе се луѓе кои ги потиснуваат нивните емоции и нив најмногу им е потребна помош.rnrnПогледнете и како емотивната болка може да се претвори во физичка.