КАФЕ ПАУЗА

Неколку начини на кои емотивната болка се претвора во физичка

Срцето претставува љубов, а крвта радост. Срцето пумпа радост низ целото тело, па кога ќе си ја скратите, тоа се собира и станува ладно. Резултатот е побавен проток на крвта и отворен пат кон анемија, различни срцеви болести или инфаркт. Токму ова објаснување може да ви помогне подобро да го разберете вашето тело, мислите и нивната поврзаност. Секако, секој човек е уникатен и најчесто не може сè да се генерализира, но оваа поврзаност меѓу емоционалното и физичкото ни нуди навистина интересно и сосема поинакво гледиште на работите во нашиот живот.rnrnНеколку начини на кои емотивната болка се претвора во физичкаrnrnГлавоболка – Се појавува кога се казнувате себеси. Мигрените ги имаат оние кои сакаат да бидат совршени и сами си го создаваат притисокот под кој живеат. Во нив има и многу потиснат бес.rnrnСинуси – Доколку имате проблем со синусите, можеби ве нервира блиска личност во вашиот живот. Дали имате чувство како некој од блиските да се свртел против вас?rnrnОчи – Проблемите со очите укажуваат на нешто во себе, во своето минато или иднина, кое не сакате да го видите. Одрекувањето и желбата да „не го гледате“ тоа што се случило може да ви предизвика проблеми со видот.rnrnУши – Овие проблеми најчесто ни кажуваат дека постои нешто што не сакате да го чуете. Болката во ушите и другите видови проблеми со слухот се јасен знак дека можеби нешто се обидувате да скриете од себе.rnrnКоса – Кога сте нервозни и уплашени, најчесто се создаваат „челични окови“ кои почнуваат во мускулите на рамената и се движат кон врвот на главата. Долгата изложеност на нив предизвикува косата да не може да дише, па затоа умира и опаѓа.rnrnВрат и грло – Кога имате проблеми со вратот, тоа значи дека сте биле тврдоглави во преоценката на својата ситуација, уверени дека вашето гледиште е единственото правилно. Од друга страна пак, кога необјасниво ве боли грлото, тоа може да значи дека сте толку лути што едноставно не можете ни да говорите.rnrnРаце – Тие ја претставуваат способноста да ги опфатите сите животните искуства. Горниот дел е поврзан со способностите, а долниот со вештините. Старите емоции ги чувате во зглобовите, а лактите претставуваат флексибилност во менување правци во животот.rnrnГрб – Ако имате проблеми со грбот, тоа може да значи дека се чувствувате како околината да не ве поддржува доволно. Горниот дел е поврзан со недостаток на емоционална поддршка, средниот со чувството на вина, а стравот од живеење во немаштија се одразува со болка во долниот дел од грбот.rnrnБели дробови – Тие ја претставуваат способноста за давање и земање во животот, па ако имате проблем со нив, можно е да се плашите да го земете или дадете тоа што ви треба.rnrnГради – Ако имате проблеми со градите, тоа може да укажува на претерано мајчински, заштитнички или посесивен став кон некоја личност, место, предмет или искуство.rnrnСрце – Срцето претставува љубов, а крвта радост. Срцето пумпа радост низ целото тело, па кога ќе си ја скратите, тоа се собира и станува ладно. Резултатот е побавен проток на крвта и отворен пат кон анемија, различни срцеви болести или инфаркт.rnrnЖелудник – Тој ги вари сите ваши нови идеи и искуства. Доколку ве боли желудникот, размислете… Што или кој не можете да „сварите“? Или кои нови искуства не можете да ги впиете?rnrnНозе – Тие ве водат низ животот. Проблемите со нив најчесто укажуваат дека постои страв од движење. Кога нешто не сакате да направите, тоа го чувствувате преку парализираност во нозете.rnrnКолена – Тие се флексибилност, исто како и грбот. Се поврзуваат и со способноста за прилагодување, гордоста, егото и тврдоглавоста, па кога ќе ве заболат прашајте се во која област сте тврди, непопустливи и одбивате да се прилагодите.rnrnСтапала – Тие се поврзуваат со разбирањето на себеси и животот околу вас, како и минатото, сегашноста и иднината.rnrnКожа – Кога имате проблеми со кожата, се чувствувате како на некој начин да сте загрозени, како некој друг да владее со вашиот живот.rnrnПрекумерна телесна тежина – Потреба за заштита. Оние кои се поголеми, секогаш бараат заштита со цел да не бидат повредени, омаловажени, критикувани или измамени. Тие се плашат од животот.