КАФЕ ПАУЗА

Замрзната приказна: магично фотопатување во недопрен замок од 17-тиот век

Замрзната приказна

Австралиската артистка и фотографка, Алексија Синклер, има неверојатна фантазија која оживува преку нејзината работа. Таа неодамна создала магично фотопатување наречено „Замрзната приказна“ кое е исполнето со историја и се наоѓа во недопрен замок од 17-ти век. Во оваа серија фотографии, артистката нѐ внесува во сосема различно време и место, ера преполна со стари традиции, формална мода и богат декор. Прекрасните драматични сцени претставуваат колекција на реалноста која е заматена со фантазија.rnrnЗамрзната приказнаrnrnИ покрај тоа што Синклер ги обработува фотографиите во Фотошоп, таа сепак верува во фаќање на колку што е можно повеќе преку своите леќи.rn
rn

„Не верувам дека со Фотошоп би можеле да направите нешто да изгледа онолку реално колку што би можело да биде со помош на светлината и фотографијата во реалниот живот,“ објаснува таа. „Јас фотографирам сѐ што можам со мојот фотоапарат. Она што го додавам се оние нешта кои верувам дека не можат да бидат пронајдени во реалниот живот. Може да станува збор за нешто кое постои само во мојата фантазија или пак, да е нешто кое едноставно не ми е дозволено да го внесам внатре.“

rn

rnrnПогледнете го и ова видео кое покажува како биле направени неколку од фотографиите кои не биле снимени директно на локацијата.rnrnrn
rn


rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.