КАФЕ ПАУЗА

Што ни вели невронауката за љубовта?

Што ни вели невронауката за љубовта?

Постои едно многу познато прашање од Ајнштајн, Како некогаш би можеле да објасниме со јазикот на хемијата и физиката нешто толку важно како биолошкиот феномен – љубов на прв поглед? Тој бил во право, науката никогаш нема да може да го стори тоа. Но, сепак постои некаков напредок на оваа тема. И покрај тоа што љубовта можеби никогаш нема да биде сфатена во целост, погледнете ги наредниве неколку нешта кои досега сме успеале да ги научиме за неа…rnrnШто ни вели невронауката за љубовта?rn

Љубовта е зависна

rnСо размислувањето за љубениот/љубената, особено во новите врски, се активира областа во мозокот која ослободува допамин и се испраќа во оној дел од мозокот кој се поврзува со наградувањето и задоволството. Токму ова кај љубовникот предизвикува сличен ефект како наркотиците и може да биде подеднакво зависно.rnrnИстовремено, мозокот за време на љубовта доживува зголемено производство на хормонот норепинефрин, кој го зголемува отчукувањето на срцето и крвниот притисок и се добиваат слични ефекти како оние кои користат стимуланси кои предизвикуваат зависност, исто како метамфетаминот.rn

Љубовта е опсесивна

rnМозокот за време на љубовта доживува намалување на невротрансмитерот серотонин. Серотонинот е оној кој му овозможува на мозокот чувство дека ги држи работите под контрола, а истовремено и го чува од анксиозност, несигурност и нестабилност. Кога нивото на овој невротрансмитер ќе опадне, нашето чувство за контрола се намалува и ние стануваме опсесивно фиксирани на оние нешта кои ја размрдуваат нашата сигурност и стабилност, па бидејќи љубовта по дефиниција е непредвидлива, таа е првата цел за опсесија. Терминот „лудо заљубен“ не е толку далеку од вистината.rn

Љубовта е склона кон невнимателност

rnПрефронталниот кортекс, кој е одговорен за резонирање, заповедање и е нашиот контролен центар ја намалува својата работа за време на љубовта. Истовремено, амигдалата, која е клучен дел од системот за одговор на закани на мозокот, исто така ја намалува својата активност. Комбинацијата од овие ефекти придонесува за однесување во кое има повеќе преземање ризици, дури и оние кои во „нормални денови“ ви изгледаат многу невнимателно.rn

Љубовта и страста можат заедно да живеат во мозокот, но не мора секогаш да се насочени кон истата личност

rnЉубовта и страста изгледа дека се одделни одговори во мозокот, но сепак нивните патишта можат да се спојат. Тие се подеднакво зависни и влијаат на истите делови од мозокот, но се доволно различни за да ви овозможат чувства кон 2 различни личности.rnrnСо тек на време, овие разлики стануваат сè поразлични. На пример, мозокот кај оние кои се подолго време заљубени покажува зголемена активност во областа која е исполнета со рецептори за окситоцини и вазопресини кои укажуваат на долгогодишна заедница.rn

Заљубените мажи се екстремно визуелни ѕверови

rnМозокот на мажите кои се заљубени покажува многу поголема активност во визуелниот кортекс отколку кај заљубените жени. Додајте го на ова и фактот дека мажите повеќе се стимулираат визуелно отколку жените и веќе знаете за што станува збор…rn

Заљубените жени ги помнат и најмалите детали

rnМозокот на жените кои се заљубени покажува поголема активност во хипокампусот, регион кој е поврзан со помнењето, отколку кај заљубените мажи. Исто така кај жените овој регион зафаќа многу поголем процент од мозокот отколку кај мажите. Мажи запомнете: Жените памтат сè!rn

Контактот со очите е магија на љубовниците

rnНовородените бебиња и љубовниците имаат нешто заедничко: Тие знаат дека контактот со очите е главниот начин за емоционална поврзаност. Токму затоа оние кои се заљубени доволно е само да се погледнат во очи и веќе знаат што другиот од нив размислува, исто како еден вид „телепатија“. Но, не станува збор за научна фантастика, тоа е биолошка реалност.rnrnСамо гласот се доближува блиску до ефектите на погледот. Нашиот глас носи многу повеќе информации отколку што мислиме, па токму затоа може да ни помогне да создадеме емоционална конекција. Но, сепак, тој е многу далеку позади очите.rn

Можно е хемиски да се влијае врз промискуитетноста и моногамијата

rnНаучниците кои ги истражувале моногамијата и промискуитетноста кај стаорци ни покажуваат одличен поглед кон врските кај луѓето. Од едната страна ја имаме моногамијата, која поврзува двајца партнери до крајот на својот живот, додека од друга страна ја имаме промискуитетноста. Клучната разлика помеѓу овие две нешта изгледа е генетска.rnrnКога истражувачите им инјектирале окситоцини и вазопресини на промискуитетните стаорци (неврохемикалии кои се појавуваат кај луѓето во врска како и кај моногамните стаорци) тие едноставно станувале моногамни. И покрај тоа што не е целосно јасно дали овој ефект би бил ист и кај луѓето, сепак е одличен доказ дека е можно да се влијае хемиски врз овие две карактеристики.rn

Мажите и жените можат да бидат само пријатели (барем жените така мислат)

rnЕдно истражување покажало дека кога станува збор за платонска врска, мажите не секогаш ја разбираат и кај нив многу често може да премине во нешто друго. Жените, од друга страна, се способни да одржуваат пријателства без притоа да доживеат романтични чувства. Па, изгледа дека одговорот на најстарото прашање кое постои, „Дали мажите и жените можат да бидат само пријатели?“, зависи целосно од тоа кому го поставувате.rnrn rnrn


rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.