Испровоциран од тоа што наместо да се спречат војните, се носат правила за нивна практика, големиот писател и вљубеник во животот Пауло Коелјо решил да пропише правила со кои ќе ги заштити бројните повредени во љубовта. Користејќи го своето огромно животно искуство, составил прекрасна конвенција од неколку правила чие почитување ќе доведе до побрзо зараснување на љубовните рани.
rn

rnrn
Општи одредби
rnА – Имајќи предвид дека изреката „во љубовта и војната сè е дозволено“ е сосема исправна;rnrnБ – Имајќи предвид дека ја имаме Женевската конвенција од 22 август 1864 која пропишува правила за оние кои се повредени на бојните полиња, но досега немаме конвенција за оние што останале повредени во љубовта, иако се многу побројни;rnrnСе пропишува дека:rnrnЧлен 1rnrnСите вљубени од двата пола се предупредуваат дека љубовта, покрај тоа што е најголемиот благослов, исто така може да биде многу опасна, непредвидлива и може да предизвика сериозна штета. Затоа, секој што сака да љуби мора да биде свесен дека своето тело и душа ги изложува на разни видови повреди и дека за тоа не треба во ниту еден момент да го обвинува партнерот, затоа што ризикот паѓа на двајцата подеднакво.rnrnЧлен 2rn
Штом некој почувствува дека е погоден од стрелата на Купидон, мора веднаш да побара од него истата стрела да ја испрати и во спротивната насока, за да не дојде до повредата позната како „невозвратена љубов“. Ако Купидон одбие да го стори тој чин, Конвенцијата пропишува дека повредениот мора веднаш да ја извади стрелата од своето срце и да ја фрли в ѓубре.
rn
Со цел да го осигура ова, тој мора да ги избегне сите телефонски повици и пораки преку интернет, да избегне да праќа цвеќиња кои никој нема да сака да ги прими или која било друга форма на заведување, со оглед на тоа што тоа ќе даде резултати на краток рок, но секако ќе заврши на непосакуван начин после извесен период.
rnКонвенцијата пропишува повредената личност задолжително да побара друштво од блиски луѓе за да ја избегне опсесивната мисла: „вреди да се борам за оваа личност“.rnrn
Член 3rnrnАко повредата е предизвикана од трети лица, или со други зборови, ако саканата личност станала заинтересирана за некој кој не се појавува во претходниот член, одмаздата е строго забранета. Во ваков случај, дозволено е да се плаче додека солзите не пресушат, да се удира по ѕидови и перници, да се напаѓа поранешниот партнер во разговорите со пријателите, да се исмее неговиот/нејзиниот невкус, но без да се повреди нивната чест.rnrnКонвенцијата пропишува повторна примена на правилото од членот 2: да се побара друштво на блиски лица, по можност на места каде што не може да се сретне поранешниот партнер.rnrnЧлен 4rnrnВо случај на полесни повреди, и тоа мали предавства, краткотрајни изливи на страст или сексуален интерес кој бргу поминува, мора брзо и нежно да се нанесе лекот „извини“. Штом еднаш се нанесе овој лек, повредениот никогаш повеќе не треба да ја разгледува одлуката на другиот, а случката мора да биде заборавена и никако да не се искористи во караница.rnrnЧлен 5rnrnВо случај на постоење на повредата „раскинување“, единствено лекот „време“ покажува резултат. Нема корист од барањето утеха во претскажувачи на иднината (кои секогаш велат дека љубената личност ќе се врати), романтични книги (кои секогаш имаат среќен крај), телевизиски сапуници и слични нешта. Повредениот мора да си дозволи интензивно да страда, без притоа да употреби дрога, лекови за смирување или молитви до светците. Се толерира само употреба на алкохол и тоа максимум две чаши вино на ден.rnrnЗавршни одредбиrnrnОние кои останале повредени во љубовта, за разлика од повредените во вооружен конфликт, не се ниту жртви ниту мачители. Тие избрале нешто што е составен дел од животот, па затоа мораат да ги прифатат и задоволството и болката од нивниот избор.rnrnОние кои никогаш не биле повредени во љубовта никогаш не ќе можат да кажат: „Го живеев животот“. Затоа што никогаш не го живееле.rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
