2017 е година на Петелот чијшто карактер е темпераментен и непостојан. Оваа година секој го очекуваат различни животни патеки и предизвици, а што се однесува конкретно до дамите, во продолжение можете да откриете што ви ветува вам огнениот Петел…
rn
Овен
rnЖените родени во овој знак ќе имаат година полна со благосостојба, сигурност и удобност. Нивната огнена природа ќе го најде својот заштитник, а сите планови ќе им бидат брзо и успешно реализирани. Нив ќе ги заобиколат сите катаклизми, а најважно е да бидат внимателни со зборовите.rn
Бик
rnИ покрај својата непостојана природа, петелот е одличен господар и одлично се снаоѓа со вештиот домаќин Бик. Но, на жените родени во овој знак тој сепак не им носи неверојатен успех. Ним во новата година им е доделена постојаност и предвидливост. Се препорачува жените родени во знакот Бик да не донесуваат значајни промени во нивниот живот.rn
Близнаци
rnНивната контрадикторна, двосмислена природа и жед за новитети ќе доведат до тоа жените родени во знакот Близнаци лесно да ја менуваат својата фризура, работното место или местото на живеење. Тие ќе ги уништат врските, а на нивните урнатини уште веднаш ќе изградат нови. Но, сите промени ќе им бидат исклучително корисни.rn
Рак
rnГодината за меланхоличните жени родени во знакот Рак ќе биде полна со разочарувања поради неостварени планови. Нивната водена природа ќе стапи во отворен конфликт со огнениот Петел. Затоа, подобро е да се одложи достигнувањето високи цели за подоцна, па овие личности да се посветат на нивниот внатрешен свет. Би било подобро ако посветат повеќе внимание на своето здравје и својот изглед.rn
Лав
rnЗа Лавиците се очекува навистина златна доба и ова ќе биде година на нивно целосно преовладување. Тие ќе имаат подобрување во својата кариера, успех во полето на љубовта и материјална благосостојба. Штом ќе ја изберат соодветната жртва, ним сѐ ќе им биде достапно. Особено успешна година ќе им биде на деловните жени родени во овој хороскопски знак.rn
Девица
rnЗа практичните и рационални жени родени во овој знак, оваа година има подготвено напредување кон поставената цел. Девиците цврсто стојат на нозе, така што невремето нема да допре до нив. Годината на огнениот Петел за нив ќе биде успешна апсолутно на сите полиња во животот, а особено во финансиската област.
rn
Вага
rnЖените родени во овој знак ќе остварат успех на професионално поле и ќе искусат напнатост во приватниот живот, затоа што кариерата ќе го бара сето нивно внимание и вложување на сета сила. Тоа ќе создаде недоразбирање во нивниот дом и завист од нивните колеги. Целата година Вагите ќе мораат да барат рамнотежа помеѓу работата и семејството.rn
Скорпија
rnВодената природа и сложениот карактер на овој знак, за жените Скорпии ќе стане сериозен проблем во иднина. Нивниот успех во годината на огнениот Петел целосно ќе зависи од другите луѓе. Оваа година на жените родени во знакот Скорпија неопходни ќе им бидат вештините за градење односи и создавањето лични познанства.rn
Стрелец
rnДружељубивите жени родени во знакот Стрелец, целата година ќе ја поминуваат обидувајќи се да се заштитат од оние кои сакаат да се збогатат на нивна сметка. Финансискиот успех на овие жени ќе ги привлече сите роднини, блиски и далечни, пријатели и познаници. Затоа, тие треба повеќе да молчат и да избегнуваат скапи купувања.rn
Јарец
rnАмбициозните жени родени во овој знак одлично знаат што сакаат и со сигурност одат кон својата цел. Затоа, оваа година за нив ќе биде само уште еден следен чекор напред. Но, тие треба да застанат. а еден миг и да обрнат внимание на сите колеги и љубоморни соперници.rn
Водолија
rnЗа љубопитните жени родени во овој знак, оваа година ќе биде идеална за совладување нови знаења и професионални вештини. Тоа ќе им даде шанса да погледнат на светот од друга перспектива и да ја изберат насоката која најмногу им ветува. Огнениот Петел ќе им подари на темпераментните жени родени во овој знак многу романтични авантури.rn
Риби
rnЗа Рибите оваа година ќе помине брзо и незабележително. Активните промени овие месеци никако нема да влијаат на вообичаениот тек на нивниот живот. Нивната способност за избегнување опасни ситуации многу ќе им помогне да го зачуваат она што го имаат, дури и таму каде што другите губат. Резултатот оваа година пријатно ќе ги изненади.
Покрај ова, погледнете и какви се вашите шанси за успех според кинескиот хороскоп.

