Сите девојки кои се во потрага по љубов понекогаш добиваат и непожелно машко внимание. Без разлика дали сте активни на социјалните мрежи или постојано излегувате со вашите сингл пријателки, неизбежно е да ви се приближи некој кој не ве интересира. Иако би било прекрасно кога би налетувале само на квалитетни момци, комуникацијата со здодевните мажи кои ве нервираат е дел од целата потрага. Вистина е дека постојат нападни, некултурни и напорни мажи, но за жал, не можете целосно да ги одбегнете.rnrn
rnrnПриродно е тоа што сакате веднаш да ги избркате. Но, кога сте во јавност, другите мажи секогаш набљудуваат како се однесувате со првите јунаци кои ќе ви се приближат. А и сигурно сакате да оставите впечаток на љубезна и достоинствена дама. Многу жени се вознемируваат кога „погрешните“ мажи ќе започнат разговор со нив. Некои се лутат и стануваат агресивни. Меѓутоа, самоуверените жени не се нервираат поради повремените женкари кои се осмелуваат да им пристапат. Наместо тоа, знаат како да ги одбијат на културен начин. Тие знаат како достоинствено да се справат со непријатната ситуација.rnrnЗошто да дозволите некој некултурен и нападен маж да ви го уништи денот? Кога пренесувате негативна енергија како реакција на овие мажи, си ги уништувате шансите за наоѓање љубов. Наместо да се нервирате, останете смирени и позитивни со тоа што ќе научите како да ги одбивате момците на љубезен начин. Прочитајте ги следниве предлози кои ќе ви помогнат да им кажете „Не“ на непожелните прашања…rn
1. „Сакаш да танцуваме?“
rnКако да одговорите:rn
- rn011
- „Се одмарам моментално. Можеби друг пат.“
- „Претпочитам да танцувам на песни со побрз ритам.“
- „Ти благодарам, но овие чевли не се баш за танцување.“
rn011
rn011
rn
rn
2. „Може да ми дадеш број?“
rnКако да одговорите:rn
- rn011
- „Мојот број е приватна работа. Може да ти дадам имејл?“
- „Подобро да ме побараш преку имејл.“
- „Нема потреба, мислам дека веќе го имам твојот број.“
- „Може јас да ти се јавам?“
rn011
rn011
rn011
rn
rn
3. „Може да те вратам дома вечерва?“
rnКако да одговорите:rn
- rn011
- „Баш си љубезен, ќе ти кажам подоцна.“
- „Колку убаво од твоја страна. Ќе размислам.“
rn011
rn
rn
rn
4. „Зошто си сѐ уште сингл?“
rnКако да одговорите:rn
- rn011
- „Тоа е моја мала тајна. Зошто ти си сѐ уште сингл?“
- „Баш си љубопитен!“
- „Мистерија, нели? И јас пробувам да сфатам.“
- „Колку убаво од твоја страна што праша. Дали се олку љубопитен за сите жени со коишто разговараш?“
rn011
rn011
rn011
rn
rn
5. „Зошто си се развела?“
rnКако да одговорите:rn
- rn011
- „Ќе ти го кажам тоа подоцна. Ајде да зборуваме за нешто повесело.“
- „Ајде да разговараме за тебе. Ти си многу поинтересен.“
- „Ајде да зборуваме за твојот омилен филм наместо за тоа.“
rn011
rn011
rn
rn
6. „Сакаш да излеземе некогаш?“
rnКако да одговорите:rn
- rn011
- „Интересен предлог. Ќе размислам.“
- „Може ли да ти кажам подоцна?“
rn011
rn
rn
7. „Колку години имаш?“
rnКако да одговорите:rn
- rn011
- „Џентлмените никогаш не прашуваат, а дамите никогаш не одговараат.“
- „Доволно сум возрасна за да знам дека заслужувам подобро.“
- „На вистинската возраст сум за да можам да правам што сакам.“
- „Јас сум во најубавите години.“
rn011
rn011
rn011
rn
rnОдберете ги вашите омилени одговори и искористете ги нареден пат кога ќе ви се „закачи“ некој кој не ве интересира. Тој ќе ја добие пораката што сакате да му ја испратите и нема да ве заморува повеќе.rnrnОва беа културните начини да им кажете „Не“ на додворувачите, но доколку не ви се допаднаа, можеби ќе се пронајдете во следниве 12 урнебесни начини да ги одбиете момците кои не сакате да ви се додворуваат.