Бувовите се слатки птици кои во некои култури претставуваат мудрост. Исто, застапени се во модата, со облека и аксесоари со принтови или во форма на бувови. Еве како сами да изработите кул перничиња со мотиви на був за да го разиграте домот.rnrn
rn
Потребно:
rn
- rn011
- 2 парчиња материјал (еден со интересен принт и друг еднобоен, но внимавајте боите да одговараат)
- Неколку меки материјали во различни бои (како на пример кафена, бела, жолта и црна, бидејќи ќе ви служат за очите и клунот на бувот)
- Вата
- Ножички
- Модел на був изработен од парче хартија (во големина на перницата)
rn011
rn011
rn011
rn011
rn
rnПоставете го моделот на був над главниот материјал и внимателно исечете го материјалот според моделот од хартија. Од другиот материјал исечете ги крилјата на бувот и зашијте ги заедно со главниот дел од бувот. Од мекиот материјал направете ги очите и клунот на бувот. Слободни сте да ја искористите вашата креативност и да направите да изгледа онака како што сакате.rnrn
rnrnОткако ќе го направите предниот дел, зашијте го со задниот дел (парче материјал ист како основата на предниот дел), оставајќи еден раб незашиен за да ја наполните перницата. Наполнете ја перницата со вата и зашијте го и последниот раб. Внимавајте ватата да биде секаде еднакво распоредена. Перничињата може да ги направите во различни големини, а исто се одлични како подарок за роденден.rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.