Ако сакате да го подобрите вашиот изглед и впечатокот што го оставите, тогаш дефинитивно сте на правилното место. Кога не работи со своите славни клиентки, Лупита Нјонг, Џенифер Хадсон и Хилари Свонк, стилистката за ѕвезди, Микаела Ерлангер, ја води својата позната колумна „Ask a Stylist“ за веб-сајтот „Who What Wear“.rnrn
rn
„Една од предностите на мојата работа (добро, можеби и најдобриот дел од мојата работа) е да им помогнам на клиентите да изгледаат и да се чувствуваат најдобро што можат. Низ сите овие години како стилистка, научив неколку трикови за кои мислам дека секоја жена треба да ги знае. Без разлика дали се подготвувате за излегување или пак, сакате да изгледате самоуверено, токму овие парчиња облека треба да ги користите“, вели таа.
rnВо продолжение откријте ја за кои 5 парчиња облека станува збор…rn
1. Едноставен фустан
rn
rnrnНе можете да згрешите со едноставниот фустан. Без разлика дали станува збор за свилен тесен фустан или модел со долги ракави, тој ќе ѝ ласка на вашата фигура со едноставната силуета.rn
2. Сè што е затегнато околу струкот
rn
rnrnСè што може да се затегне околу струкот ќе биде полн погодок. На тој начин ќе го нагласите вашиот струк, но и ќе ја истакнете вашата женствена фигура.rn
3. Црвена боја
rn
rnrnИако црвената боја може да се чини застрашувачко, науката ги потврдила тврдењата дека таа секогаш остава впечаток на самоуверена и атрактивна личност.rn
4. Облека што ја открива вашата клучна коска
rn
rnrnОткривањето на клучната коска и рамената е многу женствено и жено, но истовремено и секси. Откривањето на овој дел од телото е елегантна алтернатива на длабоко деколте и откриени нозе.rn
5. Каиш
rn
rnrnНајдобриот трик за дефинирање на вашиот струк е каишот. Без разлика каков модел ќе одберете, никогаш не можете да згрешите со овој моден додаток.