Автор: Кристинаrnrnrn
rnrnКога стварноста ми е ќорсокакrnсе виткам во спомениrnи ти доаѓам со мислитеrnсо парче минато во грстотrnда те прашам дали сме истите.rnДа ми го покажеш мостот на лагатаrnда ми дадеш билет кон стварностаrnда ја ставиш во куфер тагатаrnзабиберена и замедена, кристализирана.rnСепак ќе фатам воз кон бајкитеrnќе се смешам во приказна за добра ноќrnво потрага по смислата на смислатаrnда потонам во маратонот кон среќатаrnда го осетам среќниот крајrnшто трагично завршуваrnда развеам колоритно знаменцеrnза сонот што ме опседнуваrnдуша што ми возвишува.rnПодај ми рака и не земај меrnодглуми слабост и останиrnпушти ме да те заврзам за себеrnќе береме желбиrnна цветни јоргани послани.rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
