КАФЕ ПАУЗА

Рускиот психолог Лабковски: Еве како да проверите дали имате здрав брак и кој од вас е невротичен!

Рускиот психолог Лабковски: Еве како да проверите дали имате здрав брак и кој од вас е невротичен!

Познатиот психолог Михаил Лабковски смета дека пред да изградите силна врска со некого, стапете во брак, засновајте семејство, но претходно мора да научите да живеете и сами со себе.rnrnРускиот психолог Лабковски: Еве како да проверите дали имате здрав брак и кој од вас е невротичен!rnrnДокторот ги споделува своите искуства стекнати во 30-годишна пракса.rnrnКако да се преживее болката по раскинување?rnrnТој вели дека бил пушач 30 години и тоа пред откажувањето од зависноста, пушел и по 3 кутии на ден, неможејќи да престане. Не се плашел од карцином, затоа што сметал дека секому некогаш ќе му дојде редот.rnrnНо тогаш стекнал болест наречена енфизем, која непрестајно го задушувала, без разлика дали земал лекови или не.rnrnТаа состојба многу го исплашила, па престанал да пуши.rnrnИ кога го направил тоа, едноставно се уверил дека не сака да пиши. За еден месец се ослободил од зависноста.rnrnИста е ситуацијата и со љубовните врски, според него. За да се откажат од некого повредените треба да се уверат себеси дека не ја сакаат личноста која ги напуштила. На таа љубов треба да се гледа како на зависност од која треба да се ослободите.rnrnМногу е важно невротичарот да има партнер, да има со кого и од кого да страда. И кога партнерот ќе го остави, невротикот е оставен сам со своите монолози и дијалози во главата.rnrnЗдравите луѓе ги сакаат само оние што и нив ги сакаат. Ако некој не ги сака, тие веќе не се заинтересирани за таа личност.rnrnКако да утврдите дали сте во невротична врска и кој партнер е невротичен?rnrnАко врската не е соодветна за вас, тогаш вашата врска е нездрава. Психологот вели дека е против секое „но“ во врската или бракот. Кога сакате некого, тој сигурно не е совршен, може да биде и тотално необичен, но го сакате. Важно е да ви се допаѓа сè поврзано со некоја личност и дека сте во ред со тоа.rnrnСпоред него, подобро е кога сте болни и помирени со тоа, отколку кога сте здрави, а ништо не ви е погодено.rnrnШтом нешто тргне наопаку, мора да страдате, а тоа е стрес. Тоа е нездрава врска. Ако ѝ кажете на некоја личност дека не ви се допаѓа нешто и таа ништо не менува, не го кажувајте истото повторно. Невозможно е да се предвиди невротичноста, но ако партнерот е невротичен, главното нешто е дека вашите неврози се совпаѓаат.rnrnПодобро е двајцата да сте среќни отколку што сте здрави, а несреќни во врската.rnrnМожеби сакате да прочитате и за 5-те вообичаени правила во бракот кои често и лесно се прекршуваат.rnrn