Дали сте стапиле во брак пред извесно време и се прашувате за некои вообичаени правила во него? Дали сакате да бидете проактивни и да ги надминете проблемите пред да започнат и дали знаете дека поставувањето на некои граници, некои основни правила, е клучен начин да го направите тоа?rnrn
rnrnЗа жал, многу од најчестите правила се оние кои најлесно се прекршуваат, понекогаш по грешка, а понекогаш и намерно. Ви ги наведуваме најчестите типови граници во бракот, зошто се тие важни, како може да се преминат и што може да се стори за да се спречи да се случи тоа.rn
1. Важноста на времето кое го поминувате одвоено
rnКога се вљубуваат, паровите сакаат да ја поминат секоја минута заедно. Чувствата кога се заљубувате се нагласени и тешко ви е да се разделите, дури и за кратко време.rnrnСепак, важно е да поминете време разделени од оној што го сакате.rnrnЈа знаете старата поговорка „далечината го разгорува пламенот.“. Вистина е така!rnrnОддалечувањето од партнерот, дури и на кратко, прави да почувствувате празнина, но кога повторно ќе го видите тој ви е уште подраг.rnrnЗа жал, ова е едно од тие правила кои лесно се прекршуваат, најчесто ненамерно. По навика, целото слободно време го поминувате со партнерот. Иако во почетокот тоа може да изгледа одлично, со тек на време може да создаде проблеми како што се губење контакт со пријателите и презаситување од партнерот. А тоа може да биде вистинска причина за прекин на врската.rnrnЗатоа, поминувајте време одвоени. Недостигајте си еден на друг. Вредете еден за друг. Направете искрата да се разгори.rn
2. Не дозволувајте одговорноста да биде товар само на еден од вас
rnВо многу бракови, во одреден момент едно лице станува одговорно за сè. Иако ви се чини дека ова е добро, тоа ќе ја разбранува врската. А, кога работите се неурамнотежени, бракот се менува.rnrnНа почетокот на многу бракови, одлуките во најголем дел се заеднички. Што да направите, каде да јадете, каде да патувате, сите овие одлуки се донесени од двајцата заедно. Она што често се случува е, откако ќе се родат децата, донесувањето одлуки да припадне на едниот родител.rnrnОва се случува поради тоа што одлуките се донесуваат брзо. И почесто, едниот родител е лицето кое е присутно и ги донесува тие одлуки.rnrnОва, иако е практично, на крај може да создаде неурамнотеженост на моќто што може да го уништи дури и стабилниот брак.rnrnЗатоа, обидете се донесувањето одлуки да го правите заедно. Ако сте добри во организирање на вашиот социјален живот, тогаш сторете го тоа, но давајте му можност на партнерот да избира дали ќе учествува. Ако тој е добар во управувањето со финансиите, дозволете му да го прави тоа, но продолжете да имате увид во тоа каде се трошат парите и зошто. Заедно донесувајте одлуки за децата и семејството.rnrnНе дозволувајте ниту еден од вас да е одговорен за сè.rn
3. Почитувајте се
rnЕден од најчестите убијци на љубовта во бракот е недостигот на почит и презирот. Да се работи напорно за да се оддржи почитта кон вашиот партнер е од суштинско значење.rnrnИзреката „Блискоста раѓа презир“ е точна и е нешто што се случува во многу врски. Како што поминува времето, личностите може да не се согласуваат и нерешените проблеми да станат поголеми. Како резултат на тоа, партнерите може да ја изгубат почитта еден кон друг. Како можете да бидете во среќен брак кога не го почитувате партнерот?rnrnЗа жал, лесно може да се изгуби почитта еден кон друг. Да не дојде до тоа, треба да зборувате еден со друг искрено и да ги споделувате своите чувства и потреби отворено. Да не се напаѓате еден со друг и да не го критикувате однесувањето на другиот.rnrnПокрај тоа, важно е да не го критикувате партнерот пред другите. Општо правило е да не им кажувате на луѓето нешто што веќе не сте го споделиле со вашиот партнер. Почитувајте се еден со друг, во и надвор од врската.rn
4. Бидете секогаш свои
rnЕдно од најважните правила во бракот е секогаш да останете верни на себе, без разлика на сè. Многу луѓе како да се губат самите себе кога ќе стапат во брак. Тие ги преземаат пријателствата на партнерот, неговото хоби и начинот на однесување. Многу е важно секој да остане свој кога е во врска.rnrnЗошто? Бидејќи секоја здрава врска се заснова на вистината, и ако се претворите во нешто друго од вашето вистинско јас, вашата врска никогаш нема да биде вистински здрава.rnrnИсто така е важно да продолжете да се почитувате самите себе. Продолжете да се дружите со вашите пријатели, продолжете со своето хоби, имајте кариера која ја сакате и здрав начин на живот кој ве исполнува, така ќе се будите секој ден задоволни од себе.rnrnКога ќе се чувствувате добро и исполнето, партнерот ќе ве сака уште повеќе затоа што ќе знае дека тоа сте вистинските вие, амбициозни и паметни, спремни да преземете ризик за да го добиете она што го сакате.rnrnЗа жал, да се биде свој во врска може да биде тешко. Бракот е тежок и долг и тешко е да не се развивате на начинот на кој посакувате.rnrnКога се случуваат вакви работи, бракот е ставен на тест и честопати не успева. Луѓето можат да ја изгубат љубовта доколку личноста се промени или можат да не се чувствуваат убаво покрај личност која се изгубила целосно.rn
5. Простувајте
rnЕдно од најважните и најчестите правила во бракот е да се простува. Секој човек прави грешки. Со тек на времето во бракот може да се направат многу, многу грешки. И, ако тие грешки се остават да избледат, бракот може брзо да се распадне.rnrnВажно е луѓето да научат како да простуваат во врските. Ова не значи да заборавите, туку да работите на тоа да разберете зошто вашиот партнер го направил тоа што го направил и да научете да го прифатете тоа и да продолжите понатаму. Да не дозволите да се премине преку грешките без да разговарате.rnrnЗа жал, многу е тешко да се простува во бракот, па затоа разводите се сè почести.rnrnЧесто, кога едно лице ќе изневери друго, на еден или друг начин, на изневерувањето не му се пристапува на правилен начин. Лицето кое е изневерено не го изразува соодветно својот страв или пак оној кој греши не презема доволно одговорност за своите постапки. Незадоволството постои кај двете страни и создава нерамнотежа помеѓу презирот и љубовта. Ова често може да доведе до развод.rnrnЗначи ако партнерот ги изневерил вашите чувства, напорно работете да простете. Разговарајте отворено за тоа како се чувствувате и дадете можност да се извини и да преземе одговорност за повредата што ја предизвикал. Простете му за да можете да продолжете натаму и да бидете среќни!rnrnПостојат многу вообичаени граници во бракот што, кога не се преминуваат, проактивно ви помагаат да го одржувате своето здравје.rnrnЗа жал, многу од нив лесно се преминуваат, но со одредена свесност и дејствување, можете да спречите тие да се преминуваат и да ја одржите вашата врска силна.rnrnНикогаш не заборавајте ја важноста да поминувате време одвоени, да одржувате рамнотежа при донесувањето одлуки, да се почитувате еден со друг, секогаш да бидете свои и да простувате.rnrnЗабораваањето на овие работи, по грешка или намерно, може да го наруши вашиот брак и никогаш да не можете да ја вратите рамнотежата.rnrnТоа никој не го посакува!rnrnМожеби сакате да прочитате и како да го спасите вашиот брак кога ви се чини дека вашиот сопруг не се грижи повеќе?rnrn