Откако ќе ја откриете оваа алатка, на лакирањето никогаш повеќе нема да гледате на ист начин!rnrn
rnrnСигурно ви се познати оние ситуации кога со омилениот лак одите во кревет, подготвени да се лакирате, но тука наидувате на проблемот на балансирање на четката и држењето на лакот помеѓу палецот и показалецот, па се плашите дека тој би можел во секој момент да се преврти и да ви ја уништи постелнината.rnrnВеднаш заборавете на тоа, зашто пристигна вистинската маникир револуција! Познатиот бренд „Tweexy“ одлучил да ви го олесни животот, смислувајќи едноставна алатка којашто ќе ви помогне непречено да ги лакирате своите нокти. Со неа, лакот секогаш ќе ви биде при рака и нема да постои страв од негово истекување.rnrn
rnrnСтанува збор за силиконски држач којшто едноставно се наместува околу прстите, додека шишето со лак се вметнува во жлебот којшто ќе го држи цврсто додека вие си ги лакирате ноктите.rnrn
rnrnЖенскиот свет едноставно полуди за оваа алатка. Инстаграм е преплавен со фотографии од воодушевени корисници коишто покажуваат на кои начини таа им го олеснила животот.rnrn
rnrnНо, ние за жал сè уште не сме имале шанса да ја испробаме оваа алатка лично, зашто држачот за лак „Tweexy“ за сега не може да се најде во продажба во нашиот регион. Сепак, се надеваме дека во брзо време ќе можеме да уживаме во неговото користење!rnrn
Револуција во лакирањето нокти: Алатка која воодушеви милиони жени!
