Ова го прават само жените кои се навистина среќни во бракот

Сподели

Има жени кои се видно среќни во своите бракови. Тие се опуштени, задоволни и едноставно блескаат. Иако доста работи зависат од изборот на партнерот, повеќето зависат исклучиво од нив самите. Еве што ја карактеризира жената која за себе гордо и искрено може да каже: „Јас сум среќна во мојот брак.“

Реклама

rn

1. Таа го почитува мажот, но ја очекува истата почит и од него

rnСите ние имаме потреба да почувствуваме дека сме почитувани во семејството. Среќната сопруга знае да ја искаже почитта кон сопругот, но исто така знае и дека тие се потполно еднакви во заедницата која ја имаат и нема да прифати ништо помалку од тоа.rn

Реклама

2. Таа води грижа за себе

rnСреќната сопруга и партнерка не води сметка само за нејзиниот надворешен изглед, туку и за своето здравје (и физичкото и менталното). Убаво е да видите жена која вежба, чита, се храни здраво. Таквите жени сјаат и го привлекуваат својот маж уште повеќе.rn

3. Таа има пријатели кои навиваат за нејзиниот брак

rnНемаат сите пријатели кои даваат поддршка на нивните врски. Обрнете внимание на личностите кои искрено ви посакуваат успех и поминувајте време со нив. Среќната жена го знае ова, па затоа е претпазлива во своите пријателства и не им дозволува на луѓето да ѝ се мешаат во бракот. Мажите многу го сакаат и го ценат ова.

rn

Реклама

4. На среќната жена не ѝ е потребен маж покрај неа

rnТаа е среќна кога е со него, исто колку што е среќна и кога е без него! Таа знае да ужива во неговото друштво, но не бара од него секогаш да биде тука. Исто така, има моменти кога сака да биде сама и да го прави она што во моментот ѝ е потребно. И тоа отворено го кажува.rn

5. Таа знае дека е убава за мажот, но цени и кога тој ќе и го каже тоа

rnТаа е сигурна во себе во секој момент, знае дека убавината доаѓа однатре, но води сметка и за тоа како изгледа. Покрај тоа, таа посебно сјае кога мажот ќе ѝ даде комплимент.rn

6. Таа знае дека и тој има чувства

rnБез разлика на тоа колку мажот изгледа силно, тој сепак е човечко суштество. Како такво, и тој има свои чувства, грижи и знае да заплаче. Среќната жена знае да го почитува овој факт и внимателна е кон чувствата на својот сопруг.

rn

7. Таа знае дека комуникацијата е важна

rnКомуникацијата е клучна за поврзување и на неа се засноваат сите врски. Среќната жена редовно одвојува време за разговори со партнерот. Опуштено и отворено разговара за малите и големи работи. И истото го очекува и од партнерот.rn

8. Таа дозволува мажот да ја гали и да ја пази

rnМажите сакаат да ги галат и да ги пазат своите жени. Среќните жени им го дозволуваат тоа. Знаат дека не е потребно секогаш да покажуваат дека „жената може сѐ сама“.

За да го направите вашиот брак една среќна и успешна заедница, прочитајте ги овие правила за среќен брак.

Најново

Може ќе ве интересира