Рецепт за највкусната пита со домати

Сподели

Искористете ја сезоната на домати за да приготвите вкусна солена пита. За нејзина подготовка потребни ви се само неколку состојки, а доколку користите готово лиснато тесто ќе биде готова за половина час.

Реклама

rn

Потребни состојки:

rn

    rn 011

  • 250 грама готово лиснато тесто
  • rn 011

  • 5-10 домати со средна големина
  • rn 011

  • 1 лажица балсамико оцет
  • rn 011

  • парче путер
  • rn 011

  • прстофат шеќер
  • rn 011

  • свежи листови босилек
  • rn

rn

Начин на подготовка:

rn1. Загрејте ја рерната на 200 степени целзиусови. Развлечете го тестото во сад за печење со дијаметар од 16 до 20 сантиметри и ставете го во фрижидер.

2. Во тава растопете го путерот, додадете ги оцетот и шеќерот и пропржете. По неколку минути додадете ги и парчињата домати и оставете ги да се пржат во сосот.

3. Префрлете ги доматите и сосот врз лиснатото тесто. Ставете го тестото да се пече околу 15 до 20 минути или сè додека не добие златно-жолта боја.

4. Послужете со свежи листови босилек. На здравје!rn

Совет плус:

rnИскористете онолку домати колку што ќе ви бидат потребни за да ја покриете површината на тестото. Можете да користите и шери домати.

Откако го прочитавте нашиот денешен рецепт, можеби ќе сакате да го прочитате и рецептот за печени модри патлиџани со сирење и домати.

Извор: punkufer.dnevnik.hr

Популарно

Може ќе ве интересира