КАФЕ ПАУЗА

10 работи што не смеете никогаш да ги кажете на пријателот кој минува низ депресија

10 работи што не смеете никогаш да ги кажете на пријателот кој минува низ депресија

Written by

in

,

Не секаде во светот депресијата е признаена како ментална болест. Напротив, голем процент од луѓето ја сметаат депресијата за нешто што е минливо и што може лесно да се реши. Честопати, кога некој од нашите најблиски ќе ни открие дека се бори со депресија, ние сме навикнати да носиме погрешни заклучоци и да ги советуваме што да прават. Во продолжение прочитајте што не треба никогаш да им кажете на вашите пријатели кои минуваат низ депресија.rnrn10 работи што не смеете никогаш да ги кажете на пријателот кој минува низ депресијаrn

1. „Ова е само тежок период од твојот живот. Ќе ти помине тагата.“

rnДоколку му кажете на некој кој е депресивен дека е „само тажен“ ја прекршувате довербата што ви била дадена. Наместо да осудувате, обидете се следниот пат да слушате кога некој ќе ви се довери.rn

2. „Другите поминале и низ многу полошо од ова. Животот едноставно не е фер.“

rnТврдењето дека постојат луѓе кои страдаат повеќе од вашиот пријател е навреда за неговата интелигенција. Можете да му оставите до знаење дека се грижите за него и дека не е сам.rn

3. „Сè е во твојата глава.“

rnПовторно, ја омаловажувате борбата која ја води вашиот пријател, а тоа може да се одрази уште полошо врз неговата состојба. Покажувањето со прст кон него лесно може да доведе до губење на неговата самодоверба. Обидете се да му кажете дека и покрај сè нема да го напуштите.rn

4. „Нема причина да бидеш во депресија.“

rnСосема бескорисно е кога му кажувате некому како да се чувствува. Треба да ја признаете болката на пријателот и да го потсетите дека сте тука за него.rn

5. „Пробај да бидеш среќен.“

rnДа му кажете некому дека треба да се расположи, е бесчувствително. Со тоа оставате порака дека немате желба да ги разберете чувствата на пријателот.rn

6. „Излези од дома, биде активен!“

rnНаместо да му наметнувате задачи на пријателот или да го советувате што треба да прави, прифатете го начинот на кој тој се справува со ситуацијата. Секако, можете заедно да гледате филм, да одите на прошетка или да правите нешто друго во кое тој ќе ужива.rn

7. „Престани да се самосожалуваш!“

rnОва никако не смеете да го кажете на некој кој минува низ депресија. Депресијата не е состојба што можеме да ја прекинеме или активираме кога ќе посакаме. Наместо тоа, објаснете му на пријателот дека сте свесни за неговата ситуација и дека му стоите на располагање за каква било помош.rn

8. „Знам како се чувствуваш. И јас поминав низ истото.“

rnЗабораваме дека кога некој ја споделува со нас сопствената болка, се чувствува ранливо. Пријателот не очекува од нас целосно да разбереме низ што поминува или да ги решиме неговите проблеми. Нему едноставно му е потребен некој кој ќе го ислуша и ќе го утеши.rn

9. „Што е проблемот? Што не е во ред?“

rnВажно е да знаете дека депресивната личност не може конкретно да ги опише своите чувства. Не барајте одговори, само слушајте.rn

10. „Правиш да се чувствувам лошо.“

rnВаквиот начин на обраќање кон некој што страда од депресија е дефинитивно неприфатлив. Луѓето кои се жртви на депресија, вообичаено ја поднесуваат во тишина. Немојте да ја нарушувате нивната доверба и бидете свесни за фактот дека депресијата не е избор. Овие тешки зборови можат дополнително да ја влошат ситуацијата.rnrnОткако прочитавте кои работи не смеете никогаш да му ги кажете на пријателот кој минува низ депресија, ви предлагаме да ги прочитате и митовите за депресијата во кои треба да престанете да верувате.rnrnИзвор: themindsjournal.com