КАФЕ ПАУЗА

Работи во домот што можат да предизвикаат анксиозност

Работи во домот што можат да предизвикаат анксиозност

Written by

in

,

Во денешно време стресот е нормална работа. Некои психијатари дури сметаат дека е корисен бидејќи ги поттикнува луѓето да работат на промени. Но анксиозноста може навистина да го намали квалитетот на вашиот живот.rnrnРаботи во домот што можат да предизвикаат анксиозностrnrnСимптомите на анксиозност можат да се намалат со редовно вежбање, медитација или со други техники за опуштање. Но, добро е да знаете и кои работи во вашиот дом можеби ви ја влошуваат анксиозноста.rn

Врева

rnПричината за анксиозноста може да биде вревата која допира до вашиот дом. Ако живеете во близина на прометна улица или во соседство со кучиња, голема е веројатноста да го имате овој проблем. Но не грижете се, има решение и за него. Можете да го намалите влијанието на бучавата со таканаречена бела врева, односно звуци од вода, дожд, лисја и слично. Благодарение на Интернетот можете многу лесно да ги пронајде овие звуци. Друго нешто што може да ви помогне е и подебела завеса.rn

Хемикалии

rnДенес хемикалиите се наоѓаат насекаде околу нас. Но доколку страдате од анксиозност, добро е да дознаете како одредени хемикалии влијаат на вашето физичко и ментално здравје. Друга опција е да ги замените производите за чистење со природни, или да направите свои.rn

Светло

rnЛЕД светилките, флуоресцентното светло и сината светлина од екраните можат да ги влошат симптомите на анксиозност. Поради ова направете попријатна атмосфера со светлата во домот. ЛЕД светилките заменете ги со „потопли“ и престанете да ги користите електронските направи со екран околу два часа пред спиење.rn

Воздух

rnЕдно истражување покажало дека воздухот на поголемата надморска височина може да ги засили симптомите на анксиозност. Покрај воздухот, лошо влијание на психичката состојба има и смрдеата. Па, проверете ја корпата за отпадоци. Редовно проветрувајте го домот, тргнете ги завесите за да влезе сончева светлина и набавете растенија со кои ќе го исчистите воздухот.rnrnДали знаете како анксиозноста влијае на вашето физичко здравје?