Познато е дека од родителите ги наследуваме бојата на очите и косата, висината, обликот на носот и други физички црти. Но, во бескрајноста од тие слични карактеристики кои луѓето често ги забележуваат и коментираат, постојат уште неколку интересни, кои не би ни претпоставиле дека имаат врска со генетиката.rnrn
rn
1. Синдром на кивање
rnВи се кива ли кога гледате директно во сонце? Или можеби кивате 2-3 пати по ред кога од мрачната кино сала наеднаш ќе излезете во силно осветлениот ходник. Во прашање е необичниот синдром на кивање кој го наследуваме од своите родители.rn
2. Не поднесувате алкохол
rnАко после неколку испиени голтки црвено вино се чувствувате како да ве прегазил воз, можете да им заблагодарите на вашите родители за ниската толеранција на алкохол.rn
3. Стискање на дланките
rnПрекрстете ги прстите на обете дланки како да сакате да се молите. Ова направете го без размислување. Како ви стојат палците? На повеќето луѓе левиот палец ќе им дојде врз десниот. Обидете се сега да ги смените. Се чувствувате незгодно во таа положба, нели? Луѓето кои „природно“ ги држат дланките во оваа обратна поза, тоа го имаат наследено од своите родители.rn
4. Ген на популарноста
rnАко сте комуникативна, отворена и популарна личност во своето друштво и на работното место, можно е генот на популарноста да го имате наследено од вашите родители.rn
5. Акробации со јазикот
rnМожете ли да го свиете јазикот во вид на тунел? Верувале или не, оваа моторичка вештина ја немаат сите, а вам ви е пренесена од мајка ви или татко ви.rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.