КАФЕ ПАУЗА

Работи кои не смееме да ги занемаруваме на првиот состанок

Работи кои не смееме да ги занемаруваме на првиот состанок

Драги дами, додека да го најдете човекот кој ќе го закити вашиот прст барајќи да го поминете остатокот од животот со него, ќе излезете на многу состаноци и ќе запознаете најразлични личности.rnrnНие девојките имаме развиено чувство за мечтаење за иднината и многу почесто тежнееме кон нешто сериозно. Се спремате за прв состанок со момче кое ви изгледа како ваш потенцијален партнер. Додека ви симнува ѕвезди и вие летате во облаци, лесно може да занемарите многу важни нешта во неговото однесување.rnrnОва се неколку работи на кои секогаш треба да обрнете внимание на првиот состанок:rnrnРаботи кои не смееме да ги занемаруваме на првиот состанокrn

Бакшиш

rnТоа е непишано правило, девојката никогаш не ја плаќа сметката на првиот состанок. Сакате бунете се дека од една страна урламе за рамноправност а од друга страна вие плаќате сметка, не е битно. Тоа секој го знае бидејќи е еден вид џентлменски гест. Таа може да понуди да плати макар половина, должност на дечкото е да го одбие тоа барање. Е сега, стигнавме до темата бакшиш.rnrnКај нас нема некое правило колку проценти од сметката се остава бакшиш, но е одраз на култура и домашно воспитување. Дечкото/девојката кој/а ве послужи беше супер, но оној со кого сте излезени упорно го чека кусурот од 10 денари? Ако е толку скржав на првиот состанок, каков ќе биде во иднина?rnrnИ всушност не е толку до парите колку што е до самиот гест. Тоа покажува колку тој умее да цени труд, добра услуга, нечие внимание и сл.rnrnСекако, од друга страна не ни смее да мавта со парите и да се однесува како да е единствениот што некогаш оставил бакшиш некому, ниту пак да се однесува со понижување. Таквите манири не смеете да ги оставите незабележани. Ако е арогантен со келнерот кој му носи вино, како ќе се однесува кога вие еден ден ќе му зготвите вечера?rn

Насилни гестови

rnСамо што влеговте во ресторанот а тој се спречка со некој кој му го попречил патот? Дали тропа по масата, прегласно зборува и демонстрира вистинска драма бидејќи келнерот му ја згрешил нарачката? Внимавајте девојки, вие сте на состанок со насилен и арогантен тип на кого нема да му е проблем така да се однесува и со вас.rnrnРаботи кои не смееме да ги занемаруваме на првиот состанокrn

Џентлменски потези

rnНекој рекол дека ако дечкото ѝ ја отвора вратата од колата на девојката, тогаш или му е нова девојката или му е нова колата. Шала на страна, никој не бара од нив постојано да се однесуваат како потрчковци. Ама ви се молам, отворање врата од кола барем на првиот состанок ако ништо друго! Прв си го намести столчето и си седна, прв си ја кажа својата нарачка, хм, можеби воопшто не се труди да ве импресионира. А ако не вложува труд, зошто би вложувале вие?rn

Неговиот поглед

rnДа не се лажеме. Вие сте дотерани и убави и нормално е да ве посакува. Манијачките погледи се веќе нешто друго. Додека вие му зборувате за некоја добра книга тој гледа во вашето деколте?rnrnПа баш добра работа направила мајка му со неговото воспитување. Ако ве гледа само како сексуален објект, се знае колку знае да ги цени и почитува жените. Да, имате право да станете од масата и да си заминете.rn

Културата на однесување

rnО не, тој само што ја фрли празната кутија од цигари на патот? Или мастиката ја остави залепена на чаршафот во ресторанот? Или можеби подждригна гласно и си ја избриша устата со ракавот? Чекајте, сигурни сте дека не сте на состанок со 5-годишник?rnrnРаботи кои не смееме да ги занемаруваме на првиот состанокrn

Без контрола во пиењето

rnУште не завршил со вечерата а тој е веќе статива? Дали претера со пиењето? Најверојатно си имате работа со хроничен алкохоличар. Ако воопшто не се воздржува на првиот состанок, што ќе биде следно?rn

Не го пушта телефонот од рака

rnЧовекот може да биде зафатен, но ако не успева да се ослободи од обврските додека е на романтичен состанок, тогаш може слободно да очекувате да ви се придружат неговите деловни партнери кога ќе славите годишнина. А може пак само да се преправа дека е зафатен со цел да ве импресионира. Да не знаеш што е полошо.