КАФЕ ПАУЗА

Природни лекови за регулирање на хормоните

Природни лекови за регулирање на хормоните

Нерамнотежата на хормоните може да предизвика разни здравствени проблеми. Но, понекогаш и сами можете ги решите хормоналните нарушувања, а овие природни лекови ќе ви помогнат во тоа. Се препорачува денот да го започнете со топла вода со лимон, во текот на денот да пиете чај од листови од малина, а пред спиење да се почестите со топло златно млеко.rn

1. Топла вода со лимон

rnПриродни лекови за регулирање на хормонитеrnrnТоплата вода со лимон го поттикнува слабеењето, ги отстранува токсините од организмот, го зајакнува имунитетот и ја подобрува состојбата на кожата. Причината е што лимонот влијае на хормонот за ситост – лептин. Доколку лептинот не е во рамнотежа, телото почнува да создава масни наслаги. Лимонот помага да се избегне дехидратација и го подобрува варењето.rn

Подготовка:

rnИсцедете сок од половина лимон во чаша топла вода и испијте ја течноста наеднаш. Најдобро е да го консумирате наутро.rn

2. Чај од листови малина

rnПриродни лекови за регулирање на хормонитеrnrnЛистовите од малина уште одамна се користат за зајакнување на мускулите на матката. Научните истражувања потврдиле дека оваа билка има позитивно влијание на работата на хормоните. Жените пак, кои го пијат овој чај во текот на бременоста, имаат полесно породување.rn

Подготовка:

rnПрелијте една лажица листови од малина (свежи или суви) со 200 милилитри зовриена вода и оставете да отстои 10 минути. Немојте да го пиете чајот пред спиење, туку во текот на денот.rn

3. Златно млеко

rnПриродни лекови за регулирање на хормонитеrnrnЗлатното млеко го подобрува имунитетот и воспоставува рамнотежа на хормоните во организмот. Овој пијалак загрева, освежува и смирува. Се состои од куркума, кокосово масло и засладувач кои се одлична комбинација за целиот организам.rn

Подготовка:

rnВо 200 милилитри врело млеко додајте пола лажичка куркума и една лажица кокосово масло. Можете да додадете и мед по вкус. Најдобро е да го пиете пијалакот навечер.rnrnПробајте ги и овие природни лекови за мамурлак.