КАФЕ ПАУЗА

Дали менталната болест станува нашето ново секојдневие?

Дали менталната болест станува нашето ново секојдневие?

Written by

in

,

Се чини дека еден од најголемите предизвици на денешното време со кои многумина од нас се соочуваат на директен или индиректен начин е менталната болест како депресијата, анксиозноста и паранојата. Ситуацијата се влоши уште повеќе благодарение на пандемијата на КОВИД 19.rnrnДали менталната болест станува нашето ново секојдневие?rnrnСите бевме сведоци за тоа како пандемијата ни наметна нови „правила“, особено во поглед на животот во изолација, вештина која не секој ја поседува.rnrnОдеднаш бевме принудени да се „дистанцираме“ од другите, ние кои сè до тој момент бевме навикнати да одиме таму каде што сакаме и да бидеме со личноста со која сакаме да бидеме. Тажната реалност е дека светот не беше подготвен за такво сценарио.rnrnОсвен тоа, загубата на најблиските предизвика огромна штета врз нашето колективно ментално здравје.rnrnКако што одминува времето, се чини дека светот излегува од контрола, опустошен од војни и невини жртви. Од друга страна, социјалните мрежи секојдневно нè бомбардираат со разноразни информации чиј ефект е безнадежноста, сомнежот и чувството на изгубеност.rnrnПриродата, пак, ни се одмаздува за немарноста и негрижата преку катастрофални природни катастрофи низ целиот свет.rnДодека се бориме одново да застанеме на нозе, одново и одново се соочуваме со нова реалност која како да ги „збриша“ вредностите и идеалите на светот што го познававме порано.rnrnНеопходно е да се соочиме со фактот дека работите никогаш повеќе нема да бидат какви што биле некогаш. Но, поважно од сè е да ги здружиме нашите сили и колективно да застанеме заедно за да се соочиме со промените. Да научиме да бидеме издржливи и да се соочиме со секоја ситуација онаква каква што е, чекор по чекор.rnrnДа не заборавиме дека не можеме да ги промениме нештата. Но, можеме да го промениме начинот на кој ние реагираме кон сето она што се случува.rnrnОткако прочитавте за денешниот свет и менталните болести, можеби ќе сакате да погледнете и како талентиран фотограф успева да ја долови ужасната реалност на менталните нарушувања.rnrnИзвор: themindsjournal.com