КАФЕ ПАУЗА

Причината поради која треба да го ставите бракот пред вашите деца

Причината поради која треба да го ставите бракот пред вашите деца

Најголемата иронија на модерните бракови е тоа што работењето за заедничките цели често станува она нешто што ве разделува. Плаќањето за куќата од соништата бара работење до доцна во ноќта. Одгледувањето на слатките деца бара многу време и енергија. Вниманието што некогаш сте му го обрнувале на партнерот веќе скоро и да не постои.rnrnПричината поради која треба да го ставите бракот пред вашите децаrnrnСе сеќавате ли на почетокот на врската кога имавте очи само еден за друг? Сигурно сте го ставале партнерот на пиедестал и сте го организирале целиот живот околу него. Можеби сте им биле здодевни на другите, но ова време за вас имало голема цел – поврзување. Дел од времето поминато заедно вклучувало и замислување идеален живот и иднина со саканата личност. Па, сте стапиле во брак и сте почнале да се движите кон животот од соништата. Но, тогаш ве удрила реалноста – брак, работа, деца.rnrnТажната реалност за многу парови е дека децата менуваат сè, вклучувајќи го и задоволството што сте го чувствувале во бракот. А ако се чувствувате вака, не сте сами.rnrnЕдно истражување покажало дека 88% од Американците сметаат дека стапувањето во брак од љубов е многу важно, додека имањето деца и финансиската стабилност не биле толку популарни одговори. Сепак, барањата кои ги поставуваат децата и кариерата ви го одвлекуваат вниманието од партнерот, без разлика што љубовта ви е навистина важна.rnrnПа, што може да направи еден вљубен пар? Што треба да ви биде приоритет помеѓу бескрајните одговорности и обврски во животот? Психологот доктор Стен Таткин има изненадувачки, но брилијантен одговор.rnrnТој го поставува прашањето кој ви е најважен во вашиот брак? Дали тоа е сопругот, децата, кучето, родителите…? Според него, ако најважното нешто не ви е врската, ќе се соочите со проблеми. Врската со вашиот партнер треба да биде приоритет во бракот. Ако не се грижите добро еден за друг, сè околу вас ќе страда како последица од тоа.rnrnЗатоа, обидете се уште денес да ја вратите страста што сте ја имале на почетокот на врската. Сè друго можете да решите подоцна.rnrnЗнаете ли кои се непишаните правила за среќен и успешен брак?