КАФЕ ПАУЗА

Непишани правила за среќен и успешен брак

Непишани правила за среќен и успешен брак

Верноста и поддршката во добро и во лошо се брачни правила, кои на сите ни се многу добро познати. Сепак, искусните парови знаат дека за среќен и успешен брак мора да се почитуваат и неколку непишани правила. Дознајте кои се тие.rnrnНепишани правила за среќен и успешен бракrn

Не критикувајте ги семејството и пријателите на партнерот

rnСвоето семејство смеете да го критикувате само вие и никој друг. Истото важи и за сите останати личности кои ви се драги во животот. Затоа и вие треба да внимавате што зборувате за пријателите и семејството на партнерот. Доколку тој е за нешто незадоволен од нив, не додавајте масло на огинот, туку бидете покрај него како советник и пријател.rn

Несаканите совети чувајте си ги за себе

rnБидете му поддршка на партнерот и сослушајте ги неговите проблеми, но пробајте да го избегнете пристапот „јас знам што е најдобро“. Совет се дава во обид некому да се помогне, но кога се искажуваат премногу лични ставови, може да делува како да го критикувате.rn

Научете кога да го препуштите „главниот збор“

rnСекогаш вие ги миете садовите, бидејќи не ви се допаѓа како партнерот и пристапува на обврската? Парите ги чувате вие, бидејќи се плашите дека тој нема да биде внимателен? Престанете со овие навики, бидејќи не е добро сè да биде оставено на вашите плеќи. Наместо тоа, среќните парови секогаш бараат помош и совет од партнерот и функционираат како тим.rn

Не навраќајте се на стари кавги

rnКавгите најчесто се повторуваат, бидејќи паровите често не ги решаваат проблемите до крај. Несогласувањата кои се натрупуваат можат да прераснат во огромен проблем и да имаат кобни последици.rn

Одлучете кои битки ви се важни

rnУспешните парови знаат кои работи се важни, а кои не, па знаат за кои нешта не вреди да се караат. Доколку нешто многу ви смета, кажете му го тоа на партнерот и решете го тој проблем. Имајте на ум дека навиките на партнерот не му се намерно смислени за да ве извади од кожа и дека најверојатно не е ни свесен дека така ви делува.rn

Исклучете се

rnВремето поминато со партнерот секогаш нека ви биде приоритет, макар тоа да значи и исклучување на телефонот или поминување викенд без интернет и телевизија.