Погледнете што се случува со вашата кожа доколку тренирате нашминкани

Сподели

Веќе дојде крајот на месец јануари и многумина размислуваат да започнат со некоја физичка активност за што побргу да дојдат до посакуваната линија. Сепак, често се заборава дека теретаната не е место за гламурозен изглед, па неретко се случува да видиме нашминкани девојки во салата за вежбање.

Реклама

Пред да се одлучите за вежбање со шминка, важно е да знаете како тоа ќе влијае на вашата кожа.

На сите ни е познато дека во текот на вежбањето се потиме. Меѓутоа, кога тренираме со шминка на лицето, потта од сите вештачки состојки кои ги содржи шминката „се заклучува“ во нашите пори, па лесно може да дојде до иритација на кожата и појава на акни. Всушност, шминката во текот на вежбањето буквално се топи, со оглед на тоа дека нашето тело се загрева. Тоа е особено случај со декоративната козметика на база на масло, вклучувајќи го ајлајнерот и подлогата за лице.

Реклама

Доколку не сакате во текот на тренингот да го гледате своето ненашминкано лице, постојат некои алтернативи коишто можете да ги испробате. Стручњаците препорачуваат хидратантен крем којшто ќе направи вашата кожа да изгледа сјајно и свежо.

Најново

Може ќе ве интересира