„Заробени“ е моќна серија фотографии од канадскиот фотограф Гестон Лакомб која нè води низ животот на животните кои живеат во зоолошка градина. Фотографирајќи од перспектива на посетител, Лакомб успеал да направи портрети на голем број животни, мали и големи, кои се присилени да живеат затворени во мал простор.rnrn
rnrnОваа серија се состои од фотографии на зоолошки од 9 различни земји на 5 различни континенти од кои сите институции се анонимни. Целта на фотографот не била да ги посрамоти тие мал број институции, туку да го насочи вниманието кон сите зоолошки ширум светот. Тој вели:rnrn
„Дури и во најголемите и најдобрите зоолошки градини можете да најдете животни кои се сместени во ужасни простории од цемент или во мали стаклени кутии. Не сите зоолошки се исти. Некои прават огромни напори да им овозможат на нивните животни соодветен и удобен дом, додека пак други само ги распределуваат животните на места кои слободно можат да се наречат простории за мачење. Но, она што е заедничко за сите зоолошки е што секогаш постојат неколку животни кои се сместени во несоодветни и неудобни живеалишта. Сè уште не сум видел исклучок од ова.“
rn
rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
