Подгответе ги стапалата за пролетните и летните сандали

Сподели

Кога станува збор за негата на телото, слободно можеме да кажеме дека стапалата се најзапоставениот дел од нашето тело. Но, со приближувањето на пролетните и летните топли денови, треба да имаме на ум дека и на стапалата им е потребна соодветна нега, со цел да можеме слободно да носиме отворени сандали. Токму затоа и денес ви ги издвојуваме овие едноставни совети, со чија помош, во удобноста на својот дом, можете да им овозможите соодветна нега на вашите стапала и да ги направите.

Реклама

rn

1. Етерично масло

rnНаполнете кофа со топла вода и капнете неколку капки етерично масло во неа. Етеричното масло помага при борбата против габите и бактериите, а со тоа и ја омекнува кожата на вашите стапала. Покрај антибактериските својства, по оваа купка за стапала, старата кожа целосно ќе се отстрани.rn

Реклама

2. Одберете добра турпија за пети

rnПо омекнувањето на кожата, најдобро е да ги отстраните самите остатоците од старата кожа, а тоа можете најдобро да го направите со турпија за пети. Истријте ги сите груби места, со цел повторно да ги направите вашите стапала нежни и мазни.rn

3. Хидрирајте ги стапалата

rnКога ја мачкате вашата кожа со хидратантен лосион по туширањето, големи се шансите дека заборавате на вашите стапала. Овој пат, имајте ги и нив на ум откако ќе излезете од туш кабината и обрнете им повеќе внимание, односно ставете поголем слој лосион.

Најново

Може ќе ве интересира