6 магично ефикасни и лесни совети за оправување на косата после сончање

Сподели

Летото ни носи љубов, авантури, уживање. Но, постои и онаа друга страна за која не се зборува многу. Преголемата жештина и недостатокот на влажност која покрај кожата може да се почувствува и на нешто за кое се смета дека е украс на една жена – косата. За жал, влијанието на УВ зраците, сонцето, хлорот и морската сол може да се споредат со прегревањето на косата со разни преси за коса, фен, па дури и со хемикалиите во фарбите. Секоја коса која е добро негувана има поголеми шанси да се спротивстави на овие влијанија од онаа која не е, но и на едната и на другата, без разлика дали е брановидна или рамна, потребна ѝ е дополнителна нега и оправување.

Реклама

rn

1. Природните шампони се вистинскиот избор

rnНајдоброто решение за да ја заштитите вашата коса од дополнително сушење и за да ѝ помогнете да се оправи е привремено да користите благи шампони како што се оние за бебиња или пак, природните, како оној од коприва. Доколку сте во можност, завршете го миењето на косата со ладна вода.rn

2. Избегнувајте го бојадисувањето и бланширањето на косата

rnСекоја дама обожава да има убава фризура и во текот на летните месеци, но обидете се да ѝ дозволите на косата малку да се одмори од хемикалиите со кои ја третирате во текот на остатокот од годината. Сонцето дополнително негативно ќе дејствува врз неа, па затоа воопшто не е потребно да ја отежнувате ситуацијата со тоа што ќе користите тешки фарби. Но, доколку е неопходно да имате свежо бојадисана коса, тогаш послужете се со природните избори, односно производители.

rn

3. Тајмаут за апаратите кои се наменети за стилизирање на косата

rnИма ли нешто поромантично од коса која е измиена со природен шампон, на пример од коприва, и исушена без фен? Можеби ова не ви се чини како идеално решение, но природно исушената коса и плетенката која ќе ја направите може да биде еден од начините на кои косата може да се оправи после морето, сонцето или хлорот.rn

4. Користите препарати со УВ заштита

rnЗадолжително продолжете со употребата на препаратите за заштита на косата од сонцето кои доста ѝ помагаат на вашата коса. Тоа што повеќе не сте на море или на базен секако не е причина да заборавите на вашата коса и напрскајте ја пред миењето или излегувањето на работен состанок.

rn

5. Скратете ги врвовите на косата

rnМожеби ќе ви биде жал, како и на поголемиот број жени, но косата која редовно се пострижува расте доста побрзо. Скратувањето на косата на секои 4 до 6 недели по еден сантиметар помага таа да остане здрава и сјајна. А скратувањето на краевите после сончањето и морската сол или хлор е ЗАДОЛЖИТЕЛНО во овие денови.rn

6. Волшебна маска – спас за оштетената коса

rnМаската на природна база е полн погодок! Производот како што е сувото масло може да биде идеален начин за да ја оправите косата на природен начин. Не плашете се да го користите повеќе пати месечно, бидејќи тоа не може да ви наштети. Ќе ѝ подари на косата здравје и сјај.

Популарно

Може ќе ве интересира